сабота, 14 ноември 2026
Најново

Хашим Тачи има намера до крајот на годината да ја реконструира владата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Косовскиот премиер Хашим Тачи има намера до крајот на годината да ја реконструира владата за да ја „подели“ одговорноста за отстапките во дијалогот и давањето автономија на Србите на северот, пишува весникот „Данас“.

Косовскиот премиер има намера до крајот на годината да ја реконструира владата и да го прошири нејзиниот состав, за да стекне што подобра „позиција“ за отстапките што ќе мора да ги направи во политичкиот дијалог со Белград, пред сè во врска со статусот на северот на Косово, дознава „Данас“ од повеќе извори во Приштина.
Според извор на „Данас“ близок до косовските власти, српските општини на северот „речиси сигурно ќе добијат некој вид автономија“, со тоа што „никој во овој момент не знае, на ни Тачи, ниту Западот“, од што ќе се состои тој статус.
Резултат на претстојниот дијалог за северот во принцип е однапред познат, автономија во рамки на независно Косово. Со оглед на тоа дека јавноста на Косово и оваа отстапка на Србија и на Белград ја смета за преголема, намерата на Тачи е што поскоро, пожелно до крајот на 2012 година, во владата да вклучи што повеќе политички партии и со тоа да ја подели одговорноста“, пишува „Данас“.
Повеќе извори на „Данас“ од владата во Приштина потврдуваат дека најверојатен иден клучен партнер на владејачката Демократска партија на Косово, е партијата на Рамуш Харадинај, Алијанса за иднината на Косово, а понуда за влез во владата ќе биде упатена и на Демократскиот сојуз на Косово како и на некои помали партии. Со ова се смета дека Самоопределување на Албин Курти целосно ќе биде изолирано на позицијата на екстремна десница.
Од друга страна, како што тврдат приштинските извори на „Данас“, уште на првиот состанок на Тачи, Дачиќ и Ештон во Брисел биле договорени три работи – да се започне примената на договорот за интегрирано управување со границата, да се отвори канцеларија за врски меѓу Белград и Приштина, како и со поддршка на ЕУ да започне проектот за изградба на автопат од Ниш преку Мердаре до Приштина и Пеќ.
Автопатот Ниш-Пеќ не е фикција, истакнуваат извори на „Данас“ блиски до Тачи, додавајќи дека косовскиот премиер е исклучително заинтересиран за тој проект.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Макфакс

Погледнете ги следниве коментари

Насилни протести во Приштина заради средбата меѓу Тачи и Дачиќ

Руфи Османи не сака со Црвенковски и Тачи

„Самоопределување“ ја „продава“ куќата на Хашим Тачи

 

Поврзани вести