Со преубавата „Има ли песна?“, вчеравечер еден од најпознатите македонски фолк пејачи, Наум Петрески го отпочна концертот на Три круши, во селото Драчево.„Жал за Деспина“, „Лична Јована“, „Лазарополе“,„Оди, ѕвездо“, голем број од неговите најголеми хитови отпеани во изминатите триесет години, колку што тој успешно опстојува на музичката сцена, бројната публика ги пееше заедно со него.
Аплаузите не стивнуваа за овој моќен вокал, кој беше придружуван од бендот „Тата Мата“. На воодушевување на публиката, за крај на концертот, тој на сцена ја покани Зуица Лазова, со која заеднички ја отпејаа „За многу години Македонци“.
Двата извонредни вокали создадоа преубава атмосфера, во која беше затворено 11тото издание на културното лето Три круши 2016. Истото, во организација на општина Кисела Вода, на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, поддржано од Советот на општината и неговиот претседател Трајче Донев, преку Одделението за култура, во изминатите 30 дена, на посетителите им понуди можност да проследат голем број на културно-забавни случувања, голем број на концерти, музички случувања и театарски претстави.
„Жал за Деспина“, „Лична Јована“, „Лазарополе“,„Оди, ѕвездо“, голем број од неговите најголеми хито