Преку Програмата за улици и патишта за 2016 година, Општина Берово започна со реализација на проект за партерно уредување на просторот помеѓу социјалната зграда на ул.“Моша Пијаде“ и зградата на кејот на река Брегалница во Берово.-Согледувајќи ги условите во кои живеат жителите на зградата до кејот, а сега и граѓаните од социјалната зграда која е вселена пред неколку години, ние како општина донесовме одлука да се уреди овој простор со што ќе се подобрат условите за живеење на граѓаните, а ќе се подобри и изгледот на самиот простор помеѓу двете згради – истакна градоначалникот Наџински.
Проектот опфаќа вградување на бехатон плочки со дебелина од 8 сантиметри врз тампонски слој од 15 сантиметри со што ќе се реши проблемот на жителите од двете згради со паркинг просторот а ќе бидат зачувувани и зелените површини околу зградите на кои жителите досега ги паркираа своите автомобили.
За овој проект преку Буџетот на Општина Берово се обезбедени 1.800.000 денари кои е планирано да се изградат уште неколку пешачки зони во општината меѓу кои реконструкција на тротоарската површина на ул.“Маршал Тито“ на влезот во Берово во должина од околу 400 метри, поставување на тротоарска површина на ул.“Маршал Тито“ во Смојмирово во должина од 150 метри, изградба на пристапна улица до селските гробишта во Русиново и доградба на улиците “Илинденска“ и “23ти август“ во Берово со вкупна должина од околу 250 метри.-Согледувајќи ги условите во кои живеат жителите на зградата до кејот, а сега и граѓаните од социјалната зграда која е вселена пред неколку години,