Пензионерите од Македонска Каменица наскоро ќе добијат бесплатен превоз

Пензионерите од Македонска Каменица наскоро ќе добијат бесплатен превоз, најави градоначалникот Дарко Митевски по завршувањето на Годишното собрание на Здружението на пензионерите од овој град кое се одржа денеска.– Разговаравме и за други прашања и проблеми и го договоривме проектот за бесплатен превоз на пензионери. За таа цел, општината ќе спроведе набавка на два минибуси за превоз на пениознерите и очекуваме за два месеци да донесеме и одреден правилник и овој проект да го ставиме во функција во интерес на пензионерите, рече Митевски.
Тој потенцираше и дека општината размислува да помогне во надминување на проблемот со домување што го има одредена категорија на пензионери.
– Ја разгледуваме можноста за сместување пензионери во определени простории кои се сопственост на општината, тоа е тековно прашање и ќе настојуваме да излеземе пресрет на оваа категорија пензионери, рече Митевски.
Претседателот на Здружението, Видан Конески, истакна дека ова Собрание било и отчетно Собрание на Здружението за 2015 година.
– Го разгледувавме општиот дел од работењето и активностите на Здружението во 2015 година, тоа е година со најмногу активности, бидејќи имаме организирано многу ексурзии, бевме домаќини на реионални натпревари, успешно ја организиравме и манифестацијата на Еленец, „Бабина баница“,каде освен натпревар во месење баници имаше и ликовна колонија, а исто така учествуваме и на фестивалот „Трета животна доба“ во Љубљана во Словенија. Ова се само дел од активностите, а и за годинава планираме исто така интересни активности, рече Конески.
Здружението на пензионерите, традиционално со поддршка на општината, обезбедува 60 хуманитарни пакети кои се делат за божиќните празници на пензионерите кои живеат сами или спаѓаат во категоријата социјално загрозени. Во 2015 година, од буџетот на Здружението се издвоени околу 180 илјади денари како партиципација за пензионерите кои користеле бањско-климатско лекување или имале хируршки интервенции.– Разговаравме и за други прашања и проблеми и го договоривме проектот за бесплатен превоз на пензионери. За таа цел, општината ќе спроведе н

Пронајдете не на следниве мрежи: