Ќе се реновира поранешната зграда на велешкото ООУ „Ј.Х.К. – Џинот“

Поранешната зграда на ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, во која до лани беа сместени неколку факултети, ќе започне да се реконструира со средства во форма на грант од УНДП, а дел и на Општина Велес за што веќе е потпишан договор.Како што информира на денешната попладневна прес-конференција градоначалникот Славчо Чадиев, со посредство на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион вредноста на проектот за реновирање и реконстркција на оваа зграда во Дом за лицата со посебни потреби од Велес ќе изнесува 2,5 милиони денари, од кои два милиони денари се од УНДП, а 500 илјади денари се од општинската каса.
– Зградата ќе добие нова фасада, нови прозорци, ќе се менува кровот, таму каде што е оштетен, а ќе ги прилагодиме и тоалетите за овие лица. Бидејќи објектот е голем, ќе треба време за да се завршат сите работи, рече Чадиев.
ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ беше иселено во друга зград, по што до лани ова беше објект на неколку факултети. Со нивното селење пак, во друга зграда, од неодамна објектот на поранешното училиште беше пренаменет во Дом за лица со посебни потреби.
Во зградата веќе се уредени две училници за лицата со оштетен вид, а во нив од неодамна се одвиваат и наставни активности.
Воедно, градоначалникот Чадиев информира дека во оваа зграда ќе бидат сместени сите невладини здруженија за лица со посебни потреби. од градот.Како што информира на денешната попладневна прес-конференција градоначалникот Славчо Чадиев, со посредство на Центарот за развој на Вардарскиот пла

Пронајдете не на следниве мрежи: