четврток, 12 ноември 2026
Најново

Грција не дозволува влез на Албанци поради топонимите во нивните пасоши

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Грчките власти деновиве вратија стотици албански државјани претежно деца, кои се родени во Грција, поради тоа што во албанските биометриски пасоши се наведени албански топоними за местата каде се родени.

Во четвртокот попладне реагираше албанското МНР кое побара од  властите во Грција еден период да се применува старата практика  до моментот кога двете страни би го решиле проблемот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во соопштение на албанското Министерството за надворешни работи, се наведува дека Албанскиот шеф на дипломатијата Едмонд Панарити имал телефонски разговор со неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос при што ја искажал загриженоста на Албанија за оваа состојба на границата со Грција.

На албанската реакција до Атина и претходеше реакција на албанските семејства кои живеат и работаат во Грција, чии деца родени во Грција. Тие се пожалија дека поради албанските топоними на албански биометериски пасоши на нивните деца не им е дозволено да влезат во Грција.

Макфакс

Поврзани вести