Потпишан договорот за изградба на улиците „Даме Груев“ во Русиново и „Маршал Тито“ во Берово

Градоначалникот на Општина Берово и „Изградба ГТД“ ДОО Струмица, вчера го потпиша договорот за изведба на проектите „Изградба на ул.Даме Груев“ во Русиново и „Реконструкција на ул.Маршал Тито“ во Берово.Овие два исклучително важни проекти од патната инфраструктура се дел од проектите кои градоначалникот ги најави за реализација во 2016 година и за истите градежните активности ќе започнат за неколку денови.
Истите опфаќаат изградба и реконструкција на важни сообраќајници во Русиново и Берово кои се во исклучително лоша состаојба и ќе допринесат за пободрена улична мрежа во двете населени места.
Преку проектот улицата „Даме Груев“ во Русиново ќе се асфалтира во должина од 280 метри почнувајќи од раскрсницата со ул.„Јане Сандански“ пред куќата на Никола Сачевски во ширина од 3,5 метри со асфалтен слој БНХС16 со дебелина од 7 сантиметри.
Трупот на патот ќе биде оформен со тампонски слој од дробен камен со дебелина од 30 сантиметри, додека од двете страни на улицата ќе се постави и банкина со широчина од 0,5 метри. Реконструкцијате на горниот дел од ул.„Маршал Тито“ во Берово е во должина од околу 550 метри со поставување на нови рабници од едната страна каде ќе биде изградена и тротоарска површина во ширина од 1 метар, додека самата улица ќе биде поплочена со гранитни плочки со што ќе се зачува автентичноста на овој дел од Берово.
Улицата е со промнелива ширина од причина што се работи за густо населено подрачје која варира од 4 до 6 метри и самиот проект предвидува и решавање на одводнувањето и собирањето на атмосферските води, со што ќе се реши уште еден проблем кој ќе ја заштити и самата новоизградена улица.
Средствата за реализација на овие два проекта се обезбедени преку грантот кој Република Македонија го доби од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) на Владата на РМ.Овие два исклучително важни проекти од патната инфраструктура се дел од проектите кои градоначалникот ги најави за реализација во 2016 година и за

Пронајдете не на следниве мрежи: