Општина Кисела Вода легализираше 4408 дивоградби. Речиси 200 граѓани ги искористиле новите рокови за доставување на документација!

Уште 50 семејства од општина Кисела Вода денес се стекнаа со документ со кој станаа реални сопственици на својот дивоизграден објект.Со тоа, бројот на легализирани дивоградби во овој дел од градот, се искачи на 4408 или 37% од пристигнатите 11 880 предмети. Доделувајќи ги решенијата, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ истакна дека расте бројот на граѓани кои ги користат новите продолжени рокови за доставување на документацијата согласно новововедените законски измени.

 
– Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните, Владата на РМ донесе законски измени со кои го продолжи рокот за комплетирање на поднесената документација и даде нов рок за поднесување барања за легализација на дивоизградените објекти кој започна на 21.12.2015 година и треба да заврши на 31.03.2016 година. Сакам да информирам дека веќе 198 граѓани ја искористија оваа нова можност и до општинската администрација ги доставија своите барања за легализација на нивниот бесправно изграден објект. Се надевам дека ќе ја докомплетираат соодведната документација во предвидениот рок. А општина Кисела Вода, од своја страна, и во иднина ќе ја задржи добрата динамика за решавање на предметите- потенцираше градоначалникот на општина Кисела Вода.
Со тоа, бројот на легализирани дивоградби во овој дел од градот, се искачи на 4408 или 37% од пристигнатите 11 880 предмети. Доделувајќи ги решениј

Пронајдете не на следниве мрежи: