Одбележана Стара Нова Година во Ресен и Преспа

Во Ресен и Преспа согласно вековната традиција се одбележа Стара Нова Година покрај василичарските огнови со грејана ракија и домашни колбаси. На повеќе места низ градот и во сите селски населби Стара Нова Година беше дочекана на отворено покрај малските огнови со меѓусебни честитки за здравје и бериќет.На градскиот плоштад во Ресен исто така имаше чествување по повод Стара Нова Година. Музичкиот состав „Андромеди“ од Ресен со музика и ора ги развесели повеќе стотина граѓани кои се собраа доцна попладнете околу централниот оган . На хепенингот се служеа пијалоци и грејана ракија а меѓудругото се делеа и банички во кои имаше паричка. Најсреќен на оваа Стара Нова Гопдина беше Дeстанов Седат на кој му се падна паричката при што на поклон од Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски доби HD LED Телевизор.
Оваа манифестација во организација на Општина Ресен се организира неколку години и полека прераснува во традиционална со што се исполнуваат и очекувањата на локалната самоуправа да се продолжат обичаите и традицијата кои во Преспа го одредуваат идентитетот и препознатливоста на живеењето.На градскиот плоштад во Ресен исто така имаше чествување по повод Стара Нова Година. Музичкиот состав „Андромеди“ од Ресен со музика и

Пронајдете не на следниве мрежи: