ЈП „Исар“ потпиша договор со струмичка фирма, која во рок од 60 дена треба да изгради 14 монтажни дуќани и да го покрие Градскиот пазар во Штип. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев кажа дека инвестицијата ќе чини 120.000 евра, а секој од 14-те дуќани ќе имаат свои санитарни јазли, со што ќе се подобрат и условите за пазарување на Градскиот пазар.– Изградбата на 14-те дуќани е прва фаза, втората фаза е покривање на Градскиот пазар. Овие дуќани ќе бидат во сопственост на ЈП „Исар“, ние ќе ги дадеме на лицитација за да ги изнајмуваме. Инвестицијата очекуваме да се врати за две години. Ова ќе биде добро и за самите граѓани на Штип, кои ќе имаат добри услови за пазарување – вели Бојаџиев.
Раководителот на работната единица Градски пазар при ЈП „Исар“-Штип, Димче Колев забележа дека претходно на Градскиот пазар инвестирано е во поплочување на просторот и поставување нови тезги.
– Во моментов просторот на Градскиот пазар е искористен околу 70 проценти од продажните места. Очекуваме платоата, каде што сега ќе се градат дуќаните да имаме околу 100 проценти искористеност. Интерес, конкуренција ќе има за дуќаните, а во овие деловни објекти ќе има разновидна понуда, бидејќи досега имавме ограничени производи кои можеа да се продаваат на тезгите – рече Колев.
Со изградбата на дуќаните и покривањето на штипскиот Градски пазар ќе има вкупно 400 продажни места.– Изградбата на 14-те дуќани е прва фаза, втората фаза е покривање на Градскиот пазар. Овие дуќани ќе бидат во сопственост на ЈП &b