100 вработувања за период од три години, намалување на невработеноста и значително позитивно влијание врз економската слика во општина Битола, ќе овозможи новата фабрика за производство на чипс од свеж компир, чиј официјален старт вчера го означи Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.Фабриката СТИЗА е локализирана во битолското село Кравари на површина од 1.200 метри квадратни, која стартува со 40 нови вработувања, а во последната предвидена фаза производството ќе достигне и до 5.000 тони компири.
Ова е втора инвестиција во Битола од наш иселеник во Австралија и истата значително ќе влијае врз регионалниот рамномерен развој. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 3 милиони евра и истата е уште една потврда за високото 6-то местото кое што го има Република Македонија во Европа според рангирањето на Светска банка во областа на дуинг бизнис.
Покрај премиерот со најубави желби за успех, напредок и развој според зацртаниот бизнис план, инвестицијата ја поздравија градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески и министерот за странски инвестиции, Бил Павлевски.Фабриката СТИЗА е локализирана во битолското село Кравари на површина од 1.200 метри квадратни, која стартува со 40 нови вработувања, а во последна