Одржана 6-та работна средба на претседателите на Совети на Општините во скопскиот регион

Денес во просториите на општина Карпош се одржа шестата работна средба на Претседатели на Совети на општините во Скопскиот регион. Вовед во овој работен состанок даде Претседателот на Советот на Општина Кисела Вода и Претседател на Комитетот на Советите во ЗЕЛС, Трајче Донев, кој уште еднаш ја потенцираше важноста на новововедената измена во Статутот нс Зелс за граѓаните.-На последната седница направивме измена во Статутот на ЗЕЛС, согласно која општинските совети ќе имаат поголема застапеност во одлучувачките тела на Заедницата. Иницијативата дојде од страна на Комитетот на советите при ЗЕЛС, се со цел, да се подобри спрегата помеѓу советите и градоначалниците во насока на поквалитетно извршување на  надлежностите, од што бенефит имаат жителите на општините. Во овој момент би сакал да му се заблагодарам на претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски, на Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, како и на сите градоначалници за целата досегашна добра соработка преку која полесно се соочуваме со предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи- истакна Претседателот Донев.
Потоа уследи дискусија од страна на присутните претседатели на Советите од општините во Скопскиот регион, околу  извештајот од шестото Генерално собрание на ЗЕЛС одржано на 11.12.2015 година.
Следната ваква работна средба ќе се одржи во општина Чаир.-На последната седница направивме измена во Статутот на ЗЕЛС, согласно која општинските совети ќе имаат поголема застапеност во одлучувачките тела

Пронајдете не на следниве мрежи: