Советот на општина Берово не го изгласа Буџетот за 2016 година предложен од градоначалникот

На 28-мата седница на Советот на општина Берово која се одржа на 29 декември, советниците од мнозинството на советот кое го има советничката група на СДСМ продолжија со своеволното работење и навлегување во прашања каде што немаат надлежност кршејќи ги законските одредби.Имено, советниците од СДСМ на оваа седница иако немаат правна надлежност и е во спротивност со Законот за локална самоуправа и Законот за финансии, си дозволија да предлагаат буџет и распределба на средства по своја волја и видувања.
По завршувањето на седницата, градоначалникот Наџински јасно и децидно кажа дека таквите незаконски постапки кои ги прават советниците од СДСМ нема да бидат допуштени од негова страна, и сето тоа што е изгласано по нивното самоволие нема да биде објавени во Службен гласник на општина Берово, а со самото необјавување  ќе се спречи и нивното правно дејствие.
“Можеби за одреден временски период додека да се обезбеди времено финансирање на општината ќе има потешкотии во финансирањето на истата, а воедно и на единките кориснички на Буџетот на општина Берово како што се ООУ “Дедо Иљо Малешевски“, ООУ “Никола Петров Русински“, ОСУ “Ацо Русковски“, Детската градика “23ти август“ и Домот на културата, но работите еднаш засекогаш мора да се прекинат во однос на незаконското работење на Советот на општина Берово предводено од мнозинството на СДСМ.“ – истакна градоначалникот Наџински.
Дури се размислува и на поднесување на кривична пријава за злоупотреба на службената должност и положба на претседателот на Советот на општина Берово заради неговото незаконско работење и правените злоупотреби од негова страна.
Како точка на дневен ред на оваа седница се најде и Предлог Програма за работа на Советот за 2016 година, која беше повлечена од самиот предлагач на дневниот ред претседателот на советот Јован Матеничарски, бидејќи самиот Совет нема изработено своја програма за работа во 2016 година што е една од обврските на советот според  Деловникот за работа каде е наведено дека комисија формирана од членови од советниците изработува програма за работа, што не беше случај и со советот на општина Берово.
Наспроти ова, мнозинството советници продолжуваат со опструкциите со кои започнаа во претходната 27-ма седница, па не ја изгласаа ниту Предлог одлуката за преотстапување на објектот “Градска капела“.Имено, советниците од СДСМ на оваа седница иако немаат правна надлежност и е во спротивност со Законот за локална самоуправа и Законот за финансии,

Пронајдете не на следниве мрежи: