Заокружена трета фаза од проектот за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Сердарот“

Заокружена трета фаза од проектот за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Сердарот“Претседателот на Советот на општина Кисела Вода Трајче Донев, генералниот директор на ЈП Водовод и канализација Александар Атанасов и секретарот на град Скопје, Марјанчо Тодоровски, денес одржаа прес конференција во селото Драчево, по повод заокружувањето на проектот за изградба на трета фаза од проектот за реконструкција на водоводната мрежа на улицата “Сердарот”.- Денес ја промовираме новата водоводна мрежа на ул. Сердарот во населбата Драчево, во Општина Кисела Вода. Се работи за изведба на нова водоводна мрежа, која се работеше во три фази. Во првата фаза беа изведени 464 метри, во втората фаза 361 метри и во последната фаза беа изведени 320 метри. Водоводната мрежа е со профил на цевки од 110 мм и 90 мм.Сакам да нагласам дека по барање на граѓаните третата фаза ќе биде продолжена за уште околу 200 метри и истата ќе изнесува 520 метри, со што решивме да излеземе во пресрет на оваа молба на жителите. Со реализација на мрежата и прикучоците од мрежата до водомерните шахти, во нивните дворови водоснабдување ќе имаат околу 700 жители, чии домови гравитираат кон изведената улична водоводна мрежа. Водоводната мрежа е со вкупна должина од 1345 метри и истата чини околу 21 милиони денари.Ние ќе продолжиме како до сега така и во иднина, да излегуваме во пресрет на граѓаните со слични вакви инвестиции, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Град Скопје-изјави генералниот директор на ЈП Водовод и канализација Александар Атанасов-Денес се заокружува еден проект кој е од голема важност за жителите на селото Драчево. Изградбата на трета фаза од проектот за реконструкција на водоводната мрежа на улицата “Сердарот”, ќе стави крај на проблемите кои само до пред неколку години ги имаше локалното население. Имено, на ова место, постоеше дотраена водоводна мрежа изградена после земјотресот од страна на жителите, што резултираше со слаб притисок и  недоволна количина на вода. Би сакал да изразам благодарност до ЈП “Водовод и канализација” и до директорот г-дин Александар Атанасов за посветеноста во реализацијата на сите три фази на овој голем проект.Се надевам дека нашата соработка, во насока на обезбедување на подобри услови за живот во овој дел од градот ќе продолжи и понатаму-истакна Претседателот на Советот на општина Кисела Вода, Трајче Донев.Заеднички извршија увид во завршените градежни активности и во оние кои се во тек, а произлегоа од последната средба со жителите на МЗ с. Драчево. Истите подразбираат изградба на нова водоводна мрежа во уште еден дел од овој дел на градот. Воедно, беше остварена и средба со локалното население кое го изрази своето задоволство од реализацијата на овој проект.Претседателот на Советот на општина Кисела Вода Трајче Донев, генералниот директор на ЈП Водовод и канализација Александар Атанасов и секретарот на

Пронајдете не на следниве мрежи: