Проект: „Економско јакнење на жените во Општина Битола“

Општина Битола – Комисијата за еднакви можности и Здружението на граѓани АНТИКО, го спроведуваат проектот „Економско јакнење на жените во Општина Битола“,финансиран од Британската амбасада, кој што вклучува реализација на две пилот мерки: Олеснет пристап на жените до пазарот на трудот „Отворени видици“ и Зголемен број на жени регистрирани земјоделки „За нашата иднина“.Во проектот се вклучени и Агенцијата за вработување,Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, мрежа на граѓански здруженија од Битола и невработени жени како фокус – група.
Со овие активности и анимирањето на жените од различните подрачја, како и вклучувањето на стручните тимови од областите земјоделство и вработување, всушност Општина Битола дава силна поддршка на жените, поаѓајќи од Стретегијата за родова еднаквост и Акцискиот план за економско јакнење на жените.
Инаку, Општина Битола е лидер во спроведување на еднаквите можности и родоводото буџетирање и квалификувана како Општина без дискриминација. Активностите за Втората пилот мерка Зголемен број на жени – регистрирани земјоделки, веќе ја заврши првата – подготвителна фаза на активностите, беа анкетирани 35 невработени жени на возраст од 18 – 50 години, во селата Кукуречани, Оптичари и Егри и охрабрува фактот што 28 од анкетираните се изјасниле, дека сакаат да учествуваат во едукативната обука кои сакаат да започнат сопствен бизнис и да се регистрираат како жени – земјоделки. Активностите од Првата пилот мерка започнуваат во јануари 2016 година со работилници за мотивационо и кариерно советување на невработените жени.Во проектот се вклучени и Агенцијата за вработување,Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, мрежа на граѓански здруженија

Пронајдете не на следниве мрежи: