Во Смилево се одржа традиционално чествување за Даме Груев

Денеска се навршија 109 години од смртта на Македонскиот илинденски великан, Дамјан Јованов Груев – основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација. Во крвава битка, прочуениот смилевски даскал, апостолот на македонската слобода, ја најде својата херојска смрт на 23 декември 1906 година.По овој повод, висока општинска делегација што ја предводеше градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски, денеска се поклони и положи цвеќе пред спомен костурницата и споменикот на Даме Груев во неговото родно село Смилево. Во името на Советот на општината, цвеќе положи членот на советот Ѓоко Василевски. На чествувањето присуствуваа и претставници на Здружението за заштита на ликот и делото на Даме Груев кои, исто така се поклонија и положија цвеќе, како и претставници на други граѓански здруженија и политички партии.
По свеченостите на гробот на великанот Даме Груев, во основното училиште што го носи неговото име, учениците приредија пригодна културно – уметничка програма.По овој повод, висока општинска делегација што ја предводеше градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски, денеска се поклони и положи цв

Пронајдете не на следниве мрежи: