ПРОГЛАСУВАЊЕ НА НАЈДОБРИOT ПОЛИЦАЕЦ, ПОЖАРНИКАР И КРВОДАРИТЕЛ НА ГРАД СКОПЈЕ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски,  денеска свечено им ги додели наградите на најдобиот полицаец, пожарникар и крводарител на територија на град Скопје за 2015 година. За најдобар пожарникар е прогласен Бранислав Трајчевски, пожарникар-спасител возач на специјално возило во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје,  најдобар полициски службеник за 2015 година е Гоце Николовски, а за најдобар крводарител е прогласен Томче Симјановски.-  Град Скопје и годинава ја доделува наградата за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител на територија на град Скопје за тековната 2015 година. Наградата е парична и изнесува 10 000 денари,  a ги наградуваме најхрабрите и најхуманите со цел да ги поттикнеме граѓаните на Скопје и тие да ја покажат својата хуманост и храброст.  Сакам да им честитам на постигнатиот успех и да им порачам и со своите постапки и натаму да бидат добар пример и мотивација за своите колеги и сограѓани,  истакна градоначалникот Трајановски.
Најдобриот полицаец за 2015 година, Гоце Николовски, вработен во Пријавно одјавна служба во  Полициска станица од општа надлежност ,,Центар”- Скопје, има 22 години работен стаж, а во текот на изминатата  година остварил надпросечни резултати и пожртвувано  ги извршувал службените задачи.
Најдобар пожарникар за 2015 година е Бранислав Трајчевски-водич на група во
Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје,  кој во текот на  измината година учествувал во гаснење на повеќе пожари, односно  во над 200 интервенции.
Имено, во текот на неговиот работен стаж од 33 години учествувал во гаснењето на повеќе пожари и технички интервенции каде што придонел за намалување на материјалните штети и спасување човечки животи.
Најдобриот крводарител, Томче Симјановски,  досега во изминатите години има 101 дарување крв, а активно учествувал во сите редовни и вонредни крводарителски акции. Неговата хуманост претставува пример и поттик за сите млади да станат повеќекратни  дарители и да ја продолжат  хуманата мисија  спасувајќи  нечиј живот.-  Град Скопје и годинава ја доделува наградата за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител на територија на град Скопје за тековната 2015

Пронајдете не на следниве мрежи: