Претседателот на eврогрупата верува дека Грција двојно ќе ги зголеми напорите да ги оствари целите.
“Грција нема да ја напушти еврозоната. Но, ако земјата не ја почитува буџетската консолидација и да спроведува структурни реформи, тогаш ќе треба да разговараме и за тоа прашање“изјави Жа-клод Јункер.
Јункер во среда треба да се сретне со грчкиот премиер Самарас, каде што се очекува Самарас да побара подолг период за исполнување на бараните мерки за штедење.






