Хорор: Скопјанка претепана од поранешното момче

Дваесет и четиригодишната С.С. од Скопје пријавила дека била претепана од нејзиното поранешно момче.Како што соопшти МВР, на 3 декември во 00:45 часот во Полициска станица Ѓорче Петров С.С. пријавила дека на 2. декември околу 20,00  часот во село Волково додека  одела  пеш  кон  куќата  на нејзината  пријателка, била пресретната  од  нејзиното поранешно  момче  Г.Н.(24)  кој  бил  во неговото возило.
– Г.Н. застанал и преку  отворениот  прозорец и рекол да влезе  во  возилото. С.С. најпрвин не сакала да влезе, но тој продолжил да инсистира и таа влегла во возилото. Потоа тој почнал да вози кон неговиот дом. Кога пристигнале пред неговата куќа, излегле од возилото и Г.Н. почнал да ја влече за раце и за јакната и ја туркал по скалите на вториот  кат во куќата. Двајцата започнале разговор, но тој  веднаш и го одзел мобилниот телефон за да видел со кого разговарала и кога С.С. побарала да и го врати телефонот тој физички ја нападнал,  удирајќи ја со повеќе удари со тупаници по лицето, главата и телото, и ја  турнал  на  земја, наведуваат од МВР.
Во еден момент, се додава, оштетената истрчала кон влезната врата за да избега, но тој ја стигнал, ја фатил и продолжил да ја удира по грбот со тупаници.
– Таа, успеала да се оттргне од него и избегала по скалите, а тој продолжил да ја брка, но С.С. избегала и веднаш ја повикала нејзината пријателка, која ја однела кај неа дома, а оттаму и на лекар во Ургентниот Центар во Скопје, се посочува во соопштението.
Се работи на целосно расчистување на случајот.Како што соопшти МВР, на 3 декември во 00:45 часот во Полициска станица Ѓорче Петров С.С. пријавила дека на 2. декември околу 20,00  часо

Пронајдете не на следниве мрежи: