четврток, 12 ноември 2026
Најново

Чекал полиција по сообраќајка, 4-ца го нападнале

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Скопјанец бил физички нападнат на улицата „Ферид Бајрам“ од четири лица, од кои едното имало нож, додека чекал да пристигне полиција на местото на кое се случила сообраќајна незгода.Нападнатиот Г.В. со уште едно лице, С.С., кое ја повикало полицијата, се обидувале да го регулираат сообраќајот на местото каде што се случила сообраќајката.

Во еден момент Е.М. поминал со возило, а Г.В. му покажал да застане. Тој не застанал, се доближил до него, излегол од возилото, по што на повисок тон почнал да се расправа со него. Г.В. му објаснил дека има сообраќајка и дека се чека полиција. Е.М. Влегол во возилото, вербално се заканувал и заминал. По триесетина минути се вратил заедно со А.М. и со уште две засега непознати лица. Тие физички го нападнале Г.В., удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото. Откако успеал да избега, влегол во двор од куќа, а напаѓачите тргнале по него. Едниот од нив извадил нож и замавнал кон Г.В.
Потоа се слушнале пискотници од женски глас, а напаѓачите избегале. МВР презема мерки за целосно расчистување на настанот.Нападнатиот Г.В. со уште едно лице, С.С., кое ја повикало полицијата, се обидувале да го регулираат сообраќајот на местото каде што се случила сооб

Поврзани вести