Групна тeпачка во автобус кај Бит-пазар

Вчера околу 17.00 часот во ЕИК Скопје, од страна на диспечерскиот центар на „ЈСП“ било пријавено нарушување на Јавниот ред и мир во автобус бр.„50“ на ЈСП, кој се движел од Бит-пазар кон Центар, поточно во близина на Бит-пазар.Десетина непознати машки лица, на горниот кат од автобусот, физички нападнале две седумнаесетгодишни момчиња од село Орман, и од село Мирковци.
Притоа, двајцата малолетници се здобиле со видливи повреди во вид на црвенило и отоци по лицето и телото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.Десетина непознати машки лица, на горниот кат од автобусот, физички нападнале две седумнаесетгодишни момчиња од село Орман, и од село Мирковци.

Пронајдете не на следниве мрежи: