Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа

Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќa што се случи во Куманово вчера во 7.25 часот.Како што информира од полицијата сообраќајната несреќа се случила во кумановската населба „Тоде Мендол“ на раскрсницата на улиците „Тоде Мендол“, „Есперанто“ и „Романовски пат“ во која учествувале автомобил со кумановски регистарски ознаки „Aуди“ управуван од А.К. (1969) и „мазда“ управувана од 35-годишниот Ј.А.
Автомобилот „Aуди“ излетал од патот и удрил во 66-годишниот  пешак М.С. кој стоел надвор од коловозот. Кумановецот со возило на итна помош префрлен е во кумановската болница каде му се констатирани тешки повреди, а потоа поради сериозноста на повредите пренесен е на една од скопските клиники.
Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Куманово.Како што информира од полицијата сообраќајната несреќа се случила во кумановската населба „Тоде Мендол“ на раскрсницата на улиците &bdq

Пронајдете не на следниве мрежи: