Што се` заплени македонската Царина?

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златни монети, девизи, автоделови, електромотори за ролетни, ултразвучен скенер, облека, козметички производи, очила за сонце и фалсификати.Задржана е следната стока:
Златници
– 25 златници со вкупна маса од околу 176 грама, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој патувајќи со македонски автобус, што сообраќал на релација Истанбул – Струга, се пријавил за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во преден џеб од панталоните на патникот, замотани во црн женски чорап, се пронајдени 12 турски монети, 10 монети од француска република и 3 австриски монети, изработени од 18 каратно злато, чија вредност е проценета на околу 290 илјади денари. Монетите се привремено задржани а против патникот ќе биде поднесена кривична пријава.
Девизи
– 5.000 евра, откриени при личен претрес на македонски државјани, кој како патник во автомобил со македонски регистарски таблици се пријавил за излез во државата, на граничниот премин Табановце автопат. Во предниот џеб на патникот се пронајдени 7.000 евра, од кои согласно законските прописи му биле вратени 2.000 евра, износ што може слободно да се изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поведена прекршочна постапка.
Автоделови и техничка стока
– 1 ултразвучен медицински скенер и 20 гуми за картинг-возила, откриени при контрола на македонски автомобил и турски автобус, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица.
Во првиот случај, во картонска кутија, сместена во багажниот простор на турски автобус, е пронајден 1 медицински дигитален ултразвучен скенер, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот.
Во вториот случај, при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, во багажниот простор на возилото се пронајдени 20 гуми за картинг-возила марка UNILI 10*4,5-5 и MAXXIS 11*6,00-5.
Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против прекршителите ќе бидат поднесени прекршочни постапки.
– 490 грејачи за возила, откриени на железничката станица Табановце, при контрола на патнички воз кој сообраќал на релација Белград – Скопје. Производите, чиј сопственик е непознат, се пронајдени под седиштата во неколку купеа, во два вагони од возот.
– 21 електромотор за ролетни и 7 парчиња автоделови, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на еден швајцарски и еден германски автомобил, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.
Во првиот случај,  во патна торба сместена во багажникот на германски автомобил се пронајдени 21 електромотор за ролетни, додека во вториот случај во багажниот простор и позади совозачкото седиште на швајцарски автомобил се пронајдени 7 парчиња автоделови (амортизери со спирали, ладилници и ламела). Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочни постапки.

Облека, козметика и модни додатоци
– 570 парчиња облека (шорцеви, женска долна облека и детски капи), 229 парчиња козметика (кармини, четки за кармини, шминки и вештачки трепки), 10 парчиња автоделови (сет сензори за паркирање и модули за централно заклучување) и 3 рибарски мрежи, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Куманово – Крива Паланка. Производите, за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки, се пронајдени во десет големи кеси, сместени во багажникот на возилото. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
– 138 разни производи (очила за сонце, марами, крпи за сончање и детски костими за капење), откриени при контрола на бугарски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Непријавените производи, пронајдени во патни торби сместени во багажникот на возилото, околу резервната гума, во фиоката за документи и во фабричка преграда помеѓу предните седишта, се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка. Покрај тоа, за дел од производите (крпи за сончање и костими за капење) кои носат ознаки на заштитени трговски марки и за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, Царинската управа ќе поведе постапка за утврдување на нивната оригиналност.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 580 парчиња облека (кошули, маици, фармерки, шорцеви и детски комплети) со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на турски камион, натоварен со разна стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце. Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу 1,8 милиони денари, доколку се продаваат како оригинали.
Производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи Царинската управа ќе поведе постапка за утврдување на нивната оригиналност.Задржана е следната стока:
Златници
– 25 златници со вкупна маса од околу 176 грама, откриени при личен прет

Пронајдете не на следниве мрежи: