ПочитуваниИако веќе издадовме соопштение до јавноста по повод средбата во Италија со претставници од повеќе држави каде се застапени македонски иселеници, како домаќин на настанот гледам потреба да се јавам со ново соопштение во име на иницијативниот одбор.Имено, на средбата што се одржа во Италија на 3 декември 2017 година со учество на 27 претставници и активисти од емиграцијата се разговараше за актуелната политичка криза во Македонија што е сосема нормално во овој период. Големо внимание се посвети на затворените патриоти. На таа средба се официјализира долгогодишната желба за формирање на едно тело на емиграцијата на ниво на Европа, односно, за постигнување на крајната цел е формиран иницијативен одбор кој понатаму ќе ги известува и вклучува поединците и здруженијата кои не беа присутни на средбата околу следните чекори и организација, како и вклучување на нови членови во иницијативниот одбор.На наша голема чест, почесен гостин на таа средба беше Др. Филип Петровски кој ни помогна со некои стручни совети околу организацијата, без притоа да влијае на нашите одлуки. Се понуди да ни помогне со уште стучни совети доколку во иднина го побараме тоа од него. Во оваа прилика искажувам и јавна благодарност за неговата достапност.Бидејќи повеќето од делегатите што беа на средбата се и активни членови, симпатизери, претседатели на Задгранични Комитети на ВМРО ДПМНЕ или истакнати партиски активисти, и покрај тоа што средбата не беше партиска, таа средба беше искористена за шпекулации од одредени кругови на Партијата, а се во врска со кандидатурата Д-р Петровски за Претседател на ВМРО ДПМНЕ објавена веднаш по средбата.Имено во јавноста излегоа шпекулации дека се работи за формирање на нова партија.Од каде и да доаѓаат шпекулациите, сакаме да дадеме јасно до знаење дека на средбата присуствуваа долгогодишни активисти па и ветерани на Партијата, оттука, сакајќи да се наштети на кандидатурата на Д-р Петровски, намерно или случајно се наштетува и на сите останати. Како заслужни активисти волонтери ги демантираме овие шпекулации за некаква си партија и ги отфрламе сите „обвинувања“ на наша сметка и на сметка на кандидатот.Кога веќе зборуваме, сакаме да напомнеме дека Задграничните Комитети воопшто и не се претставени на претстојниот Конгрес бидејќи делегатите што треба да не претставуваат никогаш и не биле активни во Партијата. Му посакуваме среќа во трката за Претседател на Д-р Филип Петровски и на сите кои ќе учествуваат.13.12.2017 Канели, ИталијаСо почит Илона ЗахариеваПретседател на Здружение КАМЕН МОСТПретседател на ЗК на ВМРО ДПМНЕ Канели, Италија
Имено, на средбата што се одржа во Италија на 3 декември 2017 година со учество на 27 претставници и активисти од емиграцијата се разговараше за ак