Илија Јованоски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Прилеп

Денеска во просториите на општина Прилеп, Општинската изборна комисија му го додели уверението на новоизбраниот градоначалник на општина Прилеп. Илија Јованоски е новиот градоначалник кој своето примопредавање го направи со претходниот градоначалник Марјан Ристески. „Му го честитам на Илија Јованоски новиот четиригодишен градоначалнички мандат, му посакувам здравје пред се, успеси во работењето и да ги реализира сите проекти кои ќе бидат во интерес на граѓаните, а во оваа прилика сакам да посочам дека мојата градоначалничка улога завршува и од денеска ќе бидам лојален прилепчанец и Македонец“, посочи претходниот градоначалник Марјан Ристески.
„Најпрво сакам да му се заблагодарам на г-дин Марјан Ристески за денешниот прием, како и на Вас почитувани сограѓани сакам да Ви се заблагодарам за укажаната доверба која ми ја дадовте. Јас сум уверен дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани на општина Прилеп и сите проекти што ми се ветени ќе бидат реализирани токму со ваша поддршка, посочи Илија Јованоски градоначалник на Прилеп.
Уверенија добија и сите 27 советници во Советот на општина Прилеп.
„Согласно изборниот законик член 37 Општинската изборна комисија денеска на избраните кандидати им ги додели уверенијата за нивниот избор и тоа на избраниот градоначалник на Општина Прилеп и на избраните членови на Советот на Општина Прилеп. Како што знаете изборите се одржаа на 15.10.2017 година, изборниот процес заврши во првиот круг на гласање. ДИК со посебен заклучок од 24.10.2017 објави конечност на изборните резултати. По што и ОИК ги објави конечните резултати. На градоначалникот Илија Јованоски и на членовите на Советот им го честитам изборот и им посакувам успех во наредниот 4 годишен период“, истакна Каролина Шукуроска, претседател на ОИК Прилеп.
За утре е закажана конститутивната седница на Советот на Општина Прилеп на која што ќе бидат верифицирани 27-те мандати на членовите на Советот. На таа седница ќе биде избран и новиот претседател на Совет.„Му го честитам на Илија Јованоски новиот четиригодишен градоначалнички мандат, му посакувам здравје пред се, успеси во работењето

Пронајдете не на следниве мрежи: