Жените од мијачкиот крај го спасуваат војводата Тале Крстев Церговски

„Аскерот набрзина тргнува од Царевец и од Стопанче и Галичник и ја откриваат четата во „Јадово“, токму околу пладне, кога се хранат. Стражата на четата веднаш дала тревога, а истовремено и војската отворила оган. Борбата траела до приквечер. Во оваа борба курирот Неро Комитата од Галичник паднал убиен, а војводата Тале Крстев Церговски од Галичник бил тешко ранет во градите. По прекинот на борбата, уште истата ноќ Марко Плешка испратил две жени од село Селце. Бидејќи неможеле да го подигнат Тале кој бил во бесознание, тие успеале да го прикријат на уште поудобно место. По два дена, други жени од село Тресонче, Андреевица Кумран и Исјаница, ја исполнуваат доверената задача.“
По проценката на војводата Јанаки (Наке) Јанакиев, за да остане Галичко-реканскиот регион легален по почетокот на Илинденското востание, како и за да бидат рехабилитирани предадените Апостол Христов и Иван Гиновски, тие ја напуштаат слободната територија и во придружба на македонските востаници се враќаат во Галичник. Во својата „Книга за Мијаците“, авторот Георги Трајчев кој ги пренесува спомените на Апостол Христов, раководител на Галичко – реканскиот реонски комитет, ќе напише:
„По враќањето во Галичник, утредента дедо Трпко (татко на Иван Гиновски) нареди да биде повикан на гости кај него јузбашијата од Царевец, пред кого требаше се појавивме јас и син му Иван Гиновски. Иако нашето појавување пред јузбашијата беше ризично, решивме да го послушаме војводата Наке, за да ја спасиме положбата на регионот, кој веќе се наметна како сигурна база за прикривање на бегалците и четниците во своите богати куќи. Инаку ако не се предадевме на власта, тие можеа да уапсат малодушни, плашливи луѓе и да ја разоткријат мрежата на организацијата.
Дојде решавачкиот момент. Не бевме спокојни, ниту јас, ниту Гиновски, но ја исполнувавме наредбата на војводата Наке, кој иако едноставен човек, со неговиот широк ум и далекугледост ја спаси ситуацијата во Галичко. Дојдовме пред јузбашијата кој не праша: „Каде бевте“, а ние му одговоривме: „Одевме на гости низ селата“.
Јузбашијата го забележа нашето неспокојно држење и немир. Сепак ни заповеда да си ги гледаме домашните работи и да не излегуваме надвор од селото. Се потчинивме на неговата заповед и слободни ја напуштивме собата, иако не ни се веруваше во тоа.
За таа великодушност на јузбашијата, дедо Трпко Гиновски, кој беше многу богат човек, платил скапо и прескапо на јузбашијата, за да не спаси. Откако дедо Трпко ја исплатил договорената сума на јузбашијата, последниот му кажал подробно…  дека сум бил раководител на Галичник, а пак син му Иван бил во врска со војводата Јанаки и другите војводи  и дека за таа наша дејност му било кажано на бинбашијата од некој Галичанец, чие име не го соопштил.“
Во такви услови, како што пренесува авторот, дејствувањето на Христов и Гиновски по овој настана станало деликатно и ризично. Покрај тоа, некои Галичани од стариот Галички револуционерен комитет, кои беа непријателски расположеми спрема нив, не ги почитуваа нивните наредби. Но, и покрај сето ова, верни на Организацијата и поддржани од местната чета, тие предупредуваат дека за секое едно предавство  извршено во Галичник против било кого, ќе го сметаме дека е дело на поп Амвросиј и Аврам Тортевски.
Поради горенаведените несогласувања и проблеми, по наредба на Окружното началство во Галичник доаѓаат трите чети на Павле Карахасан, Тале Церговски и Ташко Сушички при што била донесена наредба за смртна пресуда на поп Амвросиј и Аврам Тортевски. За настаните кои следуваат, авторот ќе ги забележи спомените на Христов кој вели:
„По долго распрашување на заедничката седница на Галичкото револуционерно началство и војводите, сите едногласно одлучија да се исполни пресудата за казната на поп Амвросиј и Аврам Тортевски. Единствено јас останав на своето мислење дека според статутот на ВМРО секоа една пресуда мора да биде одобрена од реонскиот началник и тогаш извршена. А јас не сакав да ја заверам и се спротивставив поради следните причини. Ако биде извршена пресудата, четата веднаш ќе биде откриена, бидејќи притворениот Аврам Тортевски ми рече: „Ако јас и поп Амвросиј не бидеме слободни до 12 часот вечерта, јас му наредив на протогерот  Евги Топузовски да му соопшти на муљазимот во која куќа се наоѓаме“ .
Во тоа време трите чети и галичкото начелство заседаваа во куќата на Исачица Пендаровска, каде беа и двајцата осудени. Часот беше 11 по турски (приквечер) кога ми соопшти Тортевски за својот план.  За потврда, видовме дека протоѓерот Евгија стои со двоглед на една карпа над конакот и ја набљудуваше нашата куќа (во која заседававме). При вакви околности, ако ја исполневме пресудата, ќе го изложевме целиот Галичник и четите да бидат заобиколени и разбиени. Оттука ја одложив пресудата за подобри времиња. Го задржавме поп Амвросиј, а го ослободивме Аврам Тортевски, откако му ветивме дека нема да ја исполниме пресудата. Потоа Аврам Тортевски отиде кај протогерот и му заповеда да не му соопштува на муљазимот. Приквечерта, штом се смрачи, трите чети го напуштија Галичник и отидоа во правец на планината Русин, крај бачилото на Михаил Чалјовски, од каде зеле пет овци за храна и го продолжиле патот за месноста „Јадово“.  Меѓутоа, четите биле забележени од сејменот на бачилото Рустем Џуџа, кој веднаш отишол и ги предал кај јузбашијата во Царевец.
По предавството турската војска тргнала во потера и започнала борба во која војводата Церговски бил тешко ранет, а помошникот курир бил убиен. За храброста и снаодливоста на мијачката жена која прави огромни напори за да го спаси војводата, Трајчев ќе забележи:
„Аскерот набрзина тргнува од Царевец и од Стопанче и Галичник и ја откриваат четата во „Јадово“, токму околу пладне, кога се хранат. Стражата на четата веднаш дала тревога, а истовремено и војската отварила оган. Борбата траела до приквечер. Во оваа борба помошникот курир Неро Комитата од Галичник паднал убиен, а војводата Тале Крстев Церговски од Галичник бил тешко ранет во градите. Бидејќи не можеа да го лекуваат, другарите му го зеле оружјето и сакале да го убијат за да не падне во турски раце. Меѓутоа, курирот Марко Плешка се спротивставил и ја презел одговорноста за да го прикрие и пренесе за да го лечи. Во оваа ситуација, Тале бил скриен во еден густиж, затскриен со шума, а четите остапиле кон Кичевскиот регион. По прекинот на борбата, уште истата ноќ Марко Плешка испратил две жени од село Селце (мајка и жената на курирот В’лкан В’лкановски). Бидејќи неможеле да го подигнат Тале кој бил во бесознание, тие успеале да го прикријат на уште поудобно место. По два дена, други жени од село Тресонче, Андреевица Кумран и Исјаница, ја исполнуваат доверената задача. Тие го наоѓаат Тале, му даваат млеко, и го пренесуваат во селото Тресонче, во малата Пешковци, во куќата на Истијаница Пешковска. Нејзиниот син Димитар Ормански, одличен работник на Организацијата, заедно со својата мајка ги превзеле сите мерки, повикале луѓе кои можат да го лекуваат и го облекуваат во женски алишта.  Благодарение на лекот даден од Хаџи Огнен Деспотов од Галичник, Тале дошол на себе.
Три дена по борбата, аскерот од Дебар, Галичник, Царевец и Стопанче го опкружуваат селото Тресонче. По свирежот на трубите од четири страни на селото аскерот започнал претрес од куќа во куќа. Во тој момент Истијаница не го губи присуството на духот. Го става Тале во една постела до оџакот, ги отвара сите внатрешни и надворешни врати, и седната над главата со скрстени раце силно лелека колку што ја држи глас, божем за својата родена ќерка. Всушност, по многу истечената крв, лицето на Тале му било како на мома на умирање. По влегувањето во куќата, аскерот почнува да пребарува, но Истијаница не им обрнува внимание и продолжила да реди и да ја „оплакува“ својата ќерка. Во еден момент влегол еден муљазим, кој трогнат од глетката му наложил на аскерот да се тргнат од куќата и им рекол: „Не гледате ли, дека тука девојка умира, оставете ги на мира“, и за да не ги вознемируваат оставил двајца други војници да стражарат. После овој претрес, Тале останал цели два месеци на лекување, по што бил преместен во село Росоки, во куќата на Амвросиј, каде останал две недели, а од таму бил препратен во Галичник.“ – ќе забележи Г. Трајчев во својата книга за Мијаците.  Во оваа борба курирот Неро Комитата од Галичник паднал убиен, а војводата Тале Крстев Церговски од Галичник бил тешко ранет во градите. По прекинот

Пронајдете не на следниве мрежи: