Џевахир скај сити вистински избор за оние кои сакаат добро да го испланираат животот

Во земјава последниве години се случува вистински бум во станбената изградба што во голема мерка се должи и на поволната кредитна политика на банките, односно можноста со ниски камати и долг рок на отплата да се добијат станбени кредити со кои може да се дојде до сопствен дом. Во Македонија никнаа многу помали или поголеми станбени единици. Меѓутоа, кога се носи одлука за решавање на толку важно животно прашање какво што е обезбедување покрив над главата, потребно е добро да се размисли за изборот-каде да се купи стан. Зашто станува збор за долгорочно решени па треба добро да се направи проценка.Комплексот Џевахир скај сити по многу нешта отскокнува од актуелната станбена понуда во Македонија и може да биде вистински избор за оние кои сакаат добро да го испланираат животот. Од една страна тој е лоциран во урбана општина каква е Аеродром каде во близина се наоѓаат училишта и градинки, трговски центри, многубројни продавници за прехранбени и друг вид на производи, зелен пазар, А од друга, тој дополнително на станарите, но и на жителите на други делови на општината, со сопствениот трговски центар со супермакети, продавници од познати брендови и многуброојни ресторани и кафулиа, ќе им понуди можност без многу губење време, да ги задоволат своите потреби за пазарување или одмор и рекреација.
Дополнително, во денешно време кога обезбедување место за паркирање за сопственото возило е еден од најголемите проблеми во главниот град, со купување стан во Џевахир скај сити се решава и ова прашање биејќи во подземната катна гаража за секој сопственик на стан се обезбедува и сопствено паркинг место.
Голем предност во однос на други станбени објекти во Скопје е и централниот систем на затоплување и ладење, со кој истовремено се обезбдува постојано да се има топла вода. Оттаму, со оглед дека бојлерот е еден од најголемите потрошувачи на струја во домот, но и со можноста секој станар да одлучува индивидуално кога и колку ќе ги користи системите за затоплување, односно ладење, се дава можноста за регулирање на порошувачката, а со тоа и контрола на трошоците и остварување заштеди.
Ако на ова се додадат стабилноста на градбата, користењето на најсовремени технологии и материјали, високата енергетска ефикасност, како и дополнителните содржини какви се фитнес салата или затворениот базен, оние кои ќе се одлучат за живот во Џевахир скај сити добиваат можност за домување во модерен и луксузен комплекс каков нема во земјава.Комплексот Џевахир скај сити по многу нешта отскокнува од актуелната станбена понуда во Македонија и може да биде вистински избор за оние

Пронајдете не на следниве мрежи: