Д- р Елена Арсова: Внимавајте при избор на шампонот, читајте ги состојките

Секој од нас имал проблем со некои шампони и со појава на перут поради промената на шампонот. Што е причината за тоа? Дефинитивно изборот на правилен шампон не се базира само на типот на скалп, за масен, нормален или сув. Во денешно време се покомплицирано станува да се избере адекватен шампон затоа што се јави изразена сензитивност на одредени состојки од шампоните. Висок процент од козметичките препарати кои ги користиме се апсорбираат преку кожата во нашето тело.„Традиционалните или синтетички производи за коса содржат состојки како што се парабени кои можат да го нарушат нормалниот хормонален статус на организмот. Други состојки пак како сулфатите предизвикуваат алергија. Иако хемиските и синтетички шампони можат да ви дадат сјај и мекост на косата, сепак не се добри за долгорочно користење. Овие производи предизвикуваат алергии, сушење на скалпот и на влакното и косата станува кршлива и предиспонирана за натамошно оштетување“ вели д-р Елена Арсова, трихолог од 101 Hair Clinic.
Особено пациенти со себореичен дерматит и сензитивен скалп, се осетливи на овие алергени состојки од шампоните. Па шампони без сулфати, парабени и силикон се избор за нив. Затоа кога купувате шампон внимателно погледнете во состојките.
„Квалитетот на шампонот е секако  важен, иако пациентите забележувам дека во последно време користат наједноставни шампони. Тоа мислам дека е последица на преголемиот избор на истите, кој при изборот не користат правилни и затоа им се појавуваат негативни реакции од разни шампони. Едноставно правило е да се бира шампон согласно на типот на скалпот, а шампонот да биде без сулфати, парабени и силикон, а со поголема содржина природни состојки, природни масла и екстракти.. Органски шампони се најдобар избор особено за личности предиспонирани на алергиски реакции“ додава д-р Арсова, трихолог од 101 Hair Clinic.„Традиционалните или синтетички производи за коса содржат состојки како што се парабени кои можат да го нарушат нормалниот хормонал

Пронајдете не на следниве мрежи: