Бината поставена, ѕвездите подготвени, забавата може да започне!

Кратово полека се обликува во град на забава, култура и музика. Бините се поставуваат, ѕвездите се подготвуваат, градот се полни и луѓето се раздвижени низ тесните улици и кули уживајќи во староградската кратовска атмосфера и ладниот планински воздух. Сите се во исчекување на првата ноќ од овогодинешната тридневна музичка манифестација „Златни денови“ во Кратово која се одржува 4 години по ред.И оваа година „Златни денови“ повторно ќе ги собере едни од најпознатите и најдобрите македонски и балкански ѕвезди. Четврта година по ред организаторите обезбедија содржини за сечиј вкус и за сите генерации овозможувајќи одлична забава за сите. Воедно, музичката манифестација традиционално ќе ја води единствената и феноменалната водителка, Лила Стојановска.
Настапите на Бона Деа, Тара, Александра Јанева, Браво Бенд, Јордан Митев, Милица Кузмановска, Драган Којиќ – Кеба, Јана Бурческа и Слаткар ќе ја исполнат атмосферата во првата ноќ, петок (30.06.2017). Оваа е вечер посветена на македонска музика, кафански песни за душа и поп музика. Никој нема да остане рамнодушен при оваа синергија на незаборавни звуци, вокали и мелодии.
Втората вечер, сабота (01.07.2017) се очекува да биде засенета од прекрасниот глас и ѕвездата на вечерта и на фестивалот, нашата најголема музичка “ДОНА“, балканската ѕвезда, Калиопи. Оваа вечер ќе настапат и Етно составот – Вез од Штип, ортодоксните рокери Пеперминт и новосаѓаните Tribute to Бјело Дугме.
По завршувањето на настапите во центарот на Кратово забавата ќе се пренесе во базен дискотеката Кратово каде музика ќе пуштаат познати македонски Ди Џеи.
Кратово се полни и се очекуваат гости од цела Македонија и од Балканот.
Вратите на градот на кулите и мостовите се отвораат за сите кои сакаат уживаат во културата и атмосферата на овој прекрасен град.И оваа година „Златни денови“ повторно ќе ги собере едни од најпознатите и најдобрите македонски и балкански ѕвезди. Четврта

Пронајдете не на следниве мрежи: