Сакаме ли да имаме безбедни сообраќајници

За поголема безбедност во сообраќајот компанијата ОКТА со поддршка на МВР ја создаде кампањата „Јас внимавам“. Како дел од кампањата, МВР ќе прави контроли дали возачите ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, односно дали консумирале алкохол, дали користат појас, возат според пропишаната брзина на патот, додека OKTA ќе ги наградува најсовесните возачи со  вредносни ваучери.1504 лица биле повредени, а 104 лица настрадале во 2015 и 2016 година во Република Македонија, како резултат на несоодветна и брзина поголема од дозволената. Додека пак, управувањето под дејство на алкохол била причина за 457 незгоди во текот на двете години, во кои 15 лица го загубиле животот.
Сообраќајните незгоди со сериозни последици станаа црно секојдневие, а движењето по градските улици несигурно и небезбедно. Каде брзаме и дали внимаваме на сообраќајните правила и прописи? Дали навистина сакаме сообраќајните незгоди и жртвите во нив да станат минато, а нашите деца безбедно и сигурно да одат на училиште и да се враќаат дома? Дали сме свесни колку самите можеме да направиме за промена на ваквата ситуација?
Како одговор на потребата од создавање одржлива сообраќајна култура и намалување на се поголемиот број сообраќајни незгоди во земјава, компанијата ОКТА ја создаде кампања „Јас внимавам“, за подигнување на јавната свест за поголема безбедност на патиштата. Со поддршка од МВР, како дел од активностите на кампањата, ќе се прават контроли дали возачите ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, односно дали консумирале алкохол, дали користат појас, возат според пропишаната брзина на патот, додека OKTA ќе ги наградува најсовесните возачи со вредносни ваучери.
Свеста за потребата од безбедни сообраќајници ќе се зголемува преку интересни активности кои секој месец ќе бидат наменети за различно сообраќајно правило, а ќе бидат најавени од страна на бројни јавни личности. Кампањата во својот фокус ќе ги има и најмладите учесници во сообраќајот. Едукативни полигони, донации од ОКТА ќе бидат поставени во повеќе основни училишта ширум земјава, на кои децата ќе ги учат сообраќајните правила и прописи, како да се движат, како да преминуваат улица, како се вози велосипед и слично. Детска претстава и боенка, се исто така дел од едукативните активности на кампањата.
„Јас внимавам“ започна во месец март, посветен да ја разбуди јавната свест за опасноста од возење под дејство на алкохол. Месец април ќе биде посветен да ја истакне потребата од користењето сигурносен појас, а во секој следен месец преку иницијативите на кампањата ќе биде потенцирано некое од најчесто прекршуваните сообраќајни правила и прописи.1504 лица биле повредени, а 104 лица настрадале во 2015 и 2016 година во Република Македонија, како резултат на несоодветна и брзина пого

Пронајдете не на следниве мрежи: