Романот „Љубовникот на Ленин“ се бара како бестселер!

Првиот ден од годинашното 29-то издание на Саемот на книгата во Скопје на Штандот на „Матица македонска“ помина во знакот на новиот роман на Блаже Миневски со интригантен наслов „Љубовникот на Ленин“. Романот предизвика голем интерес кај посетителите и беше една од најбараните книги  воопшто.   Романот „Љубовникот на Ленин“ е приказна  за тишината на минатото и вревата на сегашноста; приказна што се слуша кога читателот веќе завршил со читањето; приказна за читањето што се враќа како врева на прочитаното. Потресна исповед на оној што го слуша тоа што го читал како да го чита некој друг. Роман за тивката тага и бучната измама. Главниот лик во приказната, интелектуалец со одредена парапсихолошка дарба, чие име на директен  начин е поврзано со насловот на романот, наследува огромен, таен фонд документи од својот татко, долгогодишен соработник на службите за државна безбедност. Во  потрага по мистериозни информации скриени во архивата, открива сензационални тајни од приватниот и јавниот живот на многу луѓе, но и многу историски записи и неверојатни факти за сопственото семејство. Во последните сцени од романот се случува шокантниот расплет на приказната што го дознаваат само оние што ќе го прочитаат извештајот на вештакот со наслов за омразата како љубов.
     На Штандот на „Матица македонска“, освен „Љубовникот на Ленин“, кој се бараше како бестселер, посетителите ги бараа и останатите романи на Миневски –  „Мемоарите на една млечка“, „Црна лисица“ и „Нишан“ –  кои се продаваат по саемска цена од 100 денариРоманот „Љубовникот на Ленин“ е приказна  за тишината на минатото и вревата на сегашноста; приказна што се слуша кога чи

Пронајдете не на следниве мрежи: