На врвот ништо ново, но подолу битката се загрева! Следете ја Бундеслигата на Еуроспорт 2

Бундеслигата се враќа по еден викенд пауза. Пред две недели Баерн повторно ја зголеми предноста на табелата и сега е 13 поени пред второпласираниот Лајпциг. Баерн е многу близу до освојување на титулата, но борбата за премин на клубовите во европските натпреварувања е многу интересна26 коло на Бундеслигата започнува денес со средбата меѓу Херта и Хофенхајм. Двете екипи се кандидати за влез во Лигата на шампиони. На табелата моментално се позиционирани на петто и четврто место, а разликата меѓу нив е 5 бода. Херта продолжува да биде рекордер во Бундеслигата по број на победи на домашен терен, па и овој пат заради овој факт и даваме мала предност. Хофенхајм беше успешен на последните 4 средби на гостински терен. Натпреварот почнува во 20:30 со директен пренос на Еуроспорт2.
 
Во сабота нѐ очекува дерби меѓу Шалке 04 и Борусија Дортмунд. Борусија полека се приближува на второто место на табелата, зад Лајпциг заостанува само со 3 поени и се надева дека крајот на сезоната ќе го дочека за Баерн. И Шалке се помести на табелата, со победи и ниту еден примен гол во последните два натпревари. Ова ќе биде најинтересниот натпревар на колото, двете екипи се супер спремни, а преносот започнува во самота во 15:30 на Еуроспорт2.
 
Ајнтрахт Франкфурт по 5 последователни порази во минатото коло, конечно извлече бод и тоа без погодоци. Во сабота ја дочекуваат Борусија Менхенгладбах. Нивната последна средба во октомври помина без голови. Средбата започнува во 18:30 на Еуроспорт2.
 
На Инглоштад опасно му се заканува испаѓање од лигата, моментално се претпоследни на табелата. Во недела на гости им доаѓа Мајнц. Резултатите на Мајнц во последно време не се на завидно ниво, ги загубија последните два натпревари и тоа против последнопласираниот Дармштад. Инглоштад се надева дека ќе го повтори успехот на колегите од дното на табелата. Овој натпревар се игра во недела во 15:30 со директен пренос на Еуроспорт 2.
 
Состојбата во Баер Леверкузен е хаотична. Роџер Шмит замина од клупата на почетокот на март, по низата лоши резултати кои кулминираа со пораз 6:2 од Дортмунд. Меѓутоа, ситуацијата не изгледа ништо подобро ни под новото водство. По нерешениот резултат 1:1 со Вердер, изгубија од Хофенхајм и паднаа на 11 место на табелата. Волфсбург во последните две кола осигура 6 важни бода и екипата ќе даде се од себе да избегнат пад на 16 место. Овој натпревар следете во живо на Еуроспорт 2 во недела во 17:30.26 коло на Бундеслигата започнува денес со средбата меѓу Херта и Хофенхајм. Двете екипи се кандидати за влез во Лигата на шампиони. На табелата мом

Пронајдете не на следниве мрежи: