Нов роман на Оливера Николова!

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат романот „Пешаци по црни полиња“ од Оливера Николова, со поговор на Гоце Смилевски.Оливера Николова (1936) спаѓа во редот на водечките романсиери во современата македонска литература. Автор е на богат прозен опус, во кој од специфичен агол ги согледува историските, националните и социјалните превирања. Како вешт прозен мајстор пишува за општественото раслојување во годините кога  се трансформираат институциите и  низ ткаежот на животните приказни се разобличуваат бројни човечки судбини. Новото романескно остварување претставува круна на богатиот творечки опус што писателката ни го завешта во изминатите децении.
Оливера Николова  е добитник на престижни книжевни награди, меѓу кои и на наградите: „Младо поколение“, „Змаева награда“, „Стале Попов“ и „Рациново признание“, а нејзини дела се преведени на повеќе странски јазици.Оливера Николова (1936) спаѓа во редот на водечките романсиери во современат

Пронајдете не на следниве мрежи: