Децата од СОС Детско село заедно со Скопје Мериот Хотел, изработија автентични и уникатни новогодишни украси кои ќе бидат наменети за продажба и донирање. Како гости на Скопје Мериот, во склоп на еднодневната креативна работилница, децата од овој центар креираа новогодишни украси од најразлични материјали и бои, што ги обезбеди хотелот.Рачно изработените украси се поставени на елката во Скопје Мериот од каде секој ќе може да купи еден или повеќе и со тоа да донира за СОС Детско село. За таа намена е поставена и донациска кутија од СОС Детско село.
„Мериот хотелите имаат традиција на соработка со СОС Детско село на глобално ниво. Тоа значи дека истата и одамна започната иницијатива ја пренесуваме и тука во Скопје, со што стануваме пријатели со децата од локалната организација и заеднички, со нивната креативност и детска инвентивност ги мотивираме граѓаните да ги купуваат нивните креации и со тоа да донираат и помогнат за подобрување на секојдневието на овие деца. Со вака осмислената акција ја будиме свеста на јавноста за потребите на овие деца и истовремено кај децата ги поттикнуваме позитивни вредности.“, изјави Пјотр Ленчевски, Директор за маркетинг и продажба во Скопје Мериот Хотел.
Целодневниот настан беше дополнет со предновогодишна забава за децата со присуство на дел од славните личности како Каролина Гочева, Влатко Лозаноски, бендот Eye Cue и задолжителниот Дедо Мраз кој им ги подели новогодишните подароци.Рачно изработените украси се поставени на елката во Скопје Мериот од каде секој ќе може да купи еден или повеќе и со тоа да донира за СОС Детско се