Авантура -Нов инстант лоз на Државна лотарија на Македонија

Со задоволство Ве информираме дека Државна лотарија на Македонија во петок пред трговскиот центар ‘Capitol Mall’ ќе го промовира новиот атрактивен инстант лоз ‘Авантура’ заедно со убавата Марјана Станојковска.Инстант лозот Авантура во фондот на добивки нуди 10 (десет) автомобили Kia Sportage и парични добивки до 50.000,00 денари. Вкупниот фонд на добивки е 37.530.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен. Добивката се дознава со гребење на малите автомобили, под што се откриваат девет полиња во кои се прикажани бројки/суми или симболи. Лозот носи парична добивка доколку во три од деветте полиња има три исти суми. Добивката автомобил е остварена ако во 3 (три) од деветте полињата се откријат симболи на автомобил.
Ова е прв член на семејството на инстант лозови што нуди SUV класа на автомобил. Инстантот е подготвен врз основа на истражувањата на пазарот во контакт со играчите на игри на среќа кои за најпосакуван автомобил од класата на SUV го посочија токму Kia Sportage, што се совпаѓа со прогласувањето за ‘лидер во квалитет’ за 2016 година.
Играчите на инстант лозот ‘Авантура’ за 60 денари ќе имаат можност да добијат автомобил Kia Sportage, со сите платени давачки.
Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’ и изгребете 3 (три) автомобили за главната премија Kia Sportage!
 
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !Инстант лозот Авантура во фондот на добивки нуди 10 (десет) автомобили Kia Sportage и парични добивки до 50.000,00 денари. Вкупниот фонд на добивки

Пронајдете не на следниве мрежи: