Која е вистината за Обединетата Македонска Дијаспора?

Македонската дијаспора секогаш е тема на разговор кога станува збор за донации и помош од неа во Македонија. Нашите иселеници досега на неколку пати ја искажале својата хуманост и емпатија за своите грѓаните во Македонија и во многу случаеви помогнале кога помошта била најпотребна. Како тие лесно да се групираат и претставуваат уште посилни и повлијателни кога станува збор за дејствување и помош за Македонија, се зачленуваат низ разни здруженија и организиации што дејствуваат во име на дијаспората. Според бројките до кои дојдовме, низ светот има околку 700 македонски организации што се активни и ја сочинуваат македонската дијаспора.Една од тие организации со звучно име и поголема медиумска застапеност од останатите ужива организаицијата Обединета Македонска Дијаспора. Во име на нашите читатели и нашите ислеленици, решивме да испитаме која е всушност Обединета Македонска Дијаспора, кој стои за неа и какви се нивните активности?
На нивната веб страна стои дека се непрофитна организација која ги застапува интерсите и се грижи за Македонците низ светот. Организацијата е основана 2004 година и е со седиште во Вашингтон во Соединетите Американски Држави. ОМД има мноштво претставници во Австралија, Австрија, Канада, Франција, Германија, Грција, Русија, Обединетото Кралство и неколку претсавништва во САД. 
Управниот одбор е составен од членови кои имаат импресивни биографии, експерти од повеќе области.
Достигнувањата на организацијата според податоците од веб страната се значителни.
Еве неколку од нив:
Македонија и НАТО кампањата, Од 2007 година ОМД одржува едукативни и информативни кампањи за поддршка за македонското членство во НАТО. Во 2009 година, петнаесетина конгресмени доставиле писмо до државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, повикувајќи на силна поддршка во зајакнувањето на односите помеѓу Македонија и САД. Понатаму, пред Лисабонскиот самит во 2010 година деветнаесетмина конгресмени побарале од Претседателот Обама да ги искористи сите расположливи дипломатски средства како Македонија би добила покана за членство во НАТО. Во март годинава дури 54 конгресмени побарале од Претседателот Обама да завземе водечка улога за време на НАТО Самитот во Чикаго. Овој успех се должи на напорите од страна на ОМД и македонската заедница во САД кои што туркаат за зголемена поддршка за Македонија од двете страни на американскиот политички спектрум.
Обединување на дијаспората – Во 2009та успеа да собере преку 1500 претставници од 23 земји ширум светот како би ги дискутирале проблемите и предизвиците со кои се соочува македонскиот народ. Покрај тоа, ОМД повикува на активно учество на дијаспората во креирањето на иднината на нашата татковина, Македонија.
За каква иднина на држвата од која оддамна заминале? Дали можеби ОМД е најголемиот патриот? Ако е така каде се еве баш со последниот пример, со нивна донација за поплавените. Најавуваа големи суми, а дадоа 17.000 евра, па тоа доаѓа дека секој еден наш од дијаспората дал по помалку од долар. Дали ОМД ги донираше сите пари кои беа собрани, или навистина собраа само толку малку.
На веб страната се дадени и нивните финансиски извештаи
https://www.umdiaspora.org/images/docs/UMDAnnualReport2014.pdf
Нашата редакција дојде до сосема поинакви финансиски извештаи од оние прикажаните.

Во 2013 година направен е вкупен приход од 159.270 американски долари, од кои како расход одат 71.787 американски долари на плата и бенефит за единствениот вработен во организацијата, Мето Коловски, а дури 6.347 американски долари за печатење на материјали, поштарина и сл., а од 87.819 американски долари само 7.046 американски долари се распределени на хуманитарна работа, 10.612 американски долари за материјални трошоци за канцелариите на организацијата, а дури 15.332 американски долари за патувања. Според нашите информации локацијата, односно канцелариите во кои е сместена ОМД се донација од Република Турција, па тогаш зошто се 6.347 американски долари меѓу другото и за изнајмување на простор.

Организацијата опстојува од грантови, доброволни прилози, подароци изразени во парични средства. По ова се поставува прашањето, каде одат парите на нашите иселеници? Како тие се распределуваат и колку точно и вистински доаѓаат во нашата држава? Кој е одговорен за нив?
Која е всушност Обединетата Македонска Дијаспора, и кој е Мето Коловски. Дали Мето Коловски е истиот тој кој им помага на нашите иселеници и ги информира за ситуацијата во Македонија, им организира средби со владини претставници, а истовремено организира протести против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да помилува политичари.

Во разговор со наши иселеници кои постојано донираат за Македонија, постојано се споменува едно име што многумина го споменуваат како договорен и најпреставителен од ОМД. Мето Коловски, којшто на нашите Македонци во Америка им организирал средби со преставници, па за тоа им барал одредена сума на пари објаснувајќи дека се за откупување на сала каде се одржуваат средбите, за којшто анонимски сведоци велат дека салите и воопшто не се наплаќале. Убедувањата биле дека ако дадат пари за чланарина во ОМД ќе и помогнат на Македонија, што воопшто не било така. Никој не знае што станува со парите од ОМД, а Мето Колоски тврди дека се трошат за лобирање за Македонија.
Дали преку ваквите организации се гради сликата во јавноста дека Македонците во дијаспората не донираат доволно, или пак се крши митот дека Македонците всушност многу донираат, а парите не одат на вистинското место, односно не доаѓаат во Македонија? Македонија има силна дијаспора, но се додека таа дијаспора не најде сериозна организација што навистина ќе биде од збор и помош за Македонија, македонските граѓани нема да ја чувствуваат помошта од своите сонародници, туку едноставно ќе бидат оставени на стереотипите дека иселениците не се грижат за Македонија, што според горенаведениот пример е спротивно и различно во реалноста.Една од тие организации со звучно име и поголема медиумска застапеност од останатите ужива организаицијата Обединета Македонска Дијаспора. Во име н

Пронајдете не на следниве мрежи: