Ако низ дворот ви минуваат кабли, базни станици, антени, канализација или водовод, барајте надомест од операторот

Преку геопорталот на Агенцијата за катастар на недвижности, воспоставен пред година и половина, граѓаните и инвеститорите можат од дома да проверат дали низ нивна или друга локација за која се заинтересирани поминува инфраструктурен објект .На геопорталот може да се видат евидентираните оптички и бакарни кабли, кабли за пренос на електрична енергија, гасоводи, водоводи, канализации, трафостаници, базни станици, антени и други инфраструктурни објекти.
Во случај низ земјиште на граѓанин со решена сопственост да поминува каква било инфраструктура и за тоа има имотен лист може да побара надомест од операторот на таа инфраструктура.
– Граѓаните имаат право да си ги решат имотно-правните работи со имателите на овие инфраструктури по пат на службеност. Ќе треба да се договорат околу службеноста како имателот на таа инфраструктура ќе влегува во дворот на граѓанинот за да пристапи до инфраструктурата. Договарањето секогаш е доброволно, а во спротивно по судски пат.
 
 На геопорталот може да се видат евидентираните оптички и бакарни кабли, кабли за пренос на електрична енергија, гасоводи, водоводи, канализации, тр

Пронајдете не на следниве мрежи: