Иновативните IQos цигари тренд во Јапонија

Во Јапонија владее тренд на новата генерација цигари. Со повеќе од 1 милион IQos продадени уреди, новата цигара со потенцијал за намален ризик, лансирана од Philip Morris International, се популаризира се повеќе.Неколку фактори придонесуваат кон нејзината популарност: технолошкиот состав на производите, иновативниот дизајн, вниманието посветено на новите пронајдоци кое е вткаено во јапонската култура, како и трендот кон зголеменото внимание кон здравјето и добросостојбата. Може да ја дефинирате разликата меѓу пушењето електронска и традиционална цигара. Базирано е на технологија развиена во Центарот за истражување и развој на Филип Морис во Нојшател, Швајцарија. Со серија промени во структурата на самата цигара, се креира „предмет” кој не согорува и поради тоа, е потенцијално помалку штетна и произведува послаб мирис. Делумно произведена во пилот фабрика во Болоња и прикажана минатиот ноември во Милано и во Нагоја (Јапонија), за разлика од електронската цигара, IQos се состои од тутун и има вкус на цигара. Новитетот е всушност, недостатокот на согорување, кое според некои студии е виновно за многу од штетните соединенија присутни во чадот од цигарите. Температурата која е потребна за тутунот да ја испушти својата арома е постигнато електронски преку затоплување на керамичка фолија и платинум во составот на уредот кој се дополнува, што потсетува на телефоните од новата генерација. Во уредот, корисникот од време на време ќе надополнува традиционални цигари, но со намалена големина („стапчиња за горење”) кои, во контакт со фолијата се затоплуваат и нудат искуство кое е послично на тоа од нормална цигара, отколку на тоа од електронска цигара.
Компанијата, која беше вклучена во голем број судски спорови вредни неколку милиони долари, кои се однесуваа на штетите по здравјето предизвикани од пушењето, особено во САД, денеска објави дека успеала да ги направи своите производи значително помалку штетни, со тоа што овие производи ги намалуваат потенцијално штетните соединенија кои се креираат при пушењето на традиционалните цигари. Со ова, ризиците од употреба на новите производи навистина би можеле да бидат намалени, во споредба со продолжувањето со традиционалниот начин на пушење цигари. Компанијата спроведува проширени научни студии да го потврди степенот на намалување на ризикот и наскоро ќе го презентира својот научен доказ на разгледување пред Американската Администрација за храна и лекови.
Никотинот е сè уште тука, меѓутоа со оглед на тоа дека производот не согорува, неговиот чад е значително поразличен од чадот од цигарите.
IQos е резултат на студија спроведена од Филип Морис пред 15 години, во која компанијата инвестираше повеќе од 2 милијарди долари. Во центарот во Нојшател работат околу 400 научници, инженери, како и експерти по токсикологија, кои деноноќно работат на развој на производи со потенцијално намален ризик, кои би биле алтернатива на цигарите. Одлуката да се изгради фабрика во Болоња за произведување на „стапчињата за горење”, која би ги покрила сите побарувања за IQos низ целиот свет, е поради фактот што регионот е центар на иновацијата, електрониката и производството, додека пак овој италијански регион во тој поглед е еден од најкомпетитивните во светот. Поради тоа, не е изненадувачки што оваа нова цигара беше пречекана радосно во Јапонија, која во многу погледи се смета за иновативна и „земја од иднината”. Во моментов има околу 400 продажни места низ земјата за IQos, кои вклучуваат кафе барови, ресторани, канцеларии и хотели. За оние кои ќе го посетат IQos продажниот салон во Токио, чувството е како да се наоѓаат во модерна продавница за електроника. На главната улица во една од најпопуларните населби во Токио – Хараџуку, неколку месеци по лансирањето на производот, редицата за чекање за новиот производ беше толку долга, што беше поставен нумерички систем со резервации. Зградата на три ката се состои од рецепција каде гостите се запознаени со новиот производ преку голем систем на допир кој ги објаснува карактеристиките на производот. За оние кои сакаат повеќе, вработените обезбедуваат 3D очила, кои го носат потрошувачот во виртуелно патување во IQos светот, каде дополнително се илустрираат карактеристиките на производот и каде виртуелно може да се види внатре во производот и да се истражат неговите процеси. На вториот кат, потрошувачите може да го пробаат новиот производ, придружени индивидуално од некој од вработените. За тестирањето, потрошувачите мора претходно да се најават и вработените примаат само 2 потрошувачи во еден час, со цел да се овозможи највисоко ниво на услуга. На третиот кат се наоѓаат секторот каде се врши сервисирање на производот, додека на последниот кат, посетителите може да уживаат во кафето или сокот и слободно да ги пушат новите IQos.
Ова е огромно сценарио за новиот фронт на тутунот, огромен чекор за индустријата која со години наназад опаѓа. Ова е и нова надеж за сите оние кои не сакаат да се откажат од никотинот, бидејќи – како што тврдат многу експерти – новите производи кои не согоруваат имаат потенцијал да го намалат ризикот во споредба со традиционалните цигари.
 Неколку фактори придонесуваат кон нејзината популарност: технолошкиот состав на производите, иновативниот дизајн, вниманието посветено на

Пронајдете не на следниве мрежи: