Црникаво – општествено ангажирана приказна која добро ќе ве насмее

Црникаво (Black-ish), серијата што пристигна на Pickbox, не е само приказна која ќе ви ги сервира тешките општествено битни теми туку е и гаранција за добра смеа. Олабавеност, многу добри шеги, иронија и по некоја лекција за тоа како е да се биде афроамериканско семејство во кварт на белци. Заштитниот знак на оваа добра комедија е и рушењето на предрасудите и тоа на здрав и хумористичен начин. Освен што сама по себе ги руши стереотипите, „Црникаво“ е и серија која ќе ви обезбеди разонода за мозокот.Ентони Џонсон како предводник на добрата сатира
Комичарот и актер Ентони Андерсон е двапати номиниран за наградата „Еми“ и е главна ѕвезда на оваа комедија и секој заплет и добар хумор почнува со него. Без разлика дали се работи за откачен коментар за некој од канцеларијата, за сопствената жена или за едно од четирите деца, тој тука е цар. Често влегува во расправа и со својот татко, кој со Андре (Дре) Џонсон и неговото семејство живее во куќиште кое е симбол на американскиот сон.
Иако „Црникаво“, баш затоа што семејството на Дре е добро материјално потковано, потсетува на легендарниот „Козби шоу“, тука комедијата е подигната на едно ново ниво. Добрата сатира не е тука само за да се насмееме добро туку и за да нѐ потсети на секојдневните маки на еден Афроамериканец поради бојата на кожата. Дре и семејството така го исмеваат ставот дека да се биде црн не е само прашање на бојата на кожата туку е и определен начин на однесување затоа што, ако не се однесуваш типично црнечки, тогаш веројатно не си ни доволно црн, а во тој случај си како нив, „црникав“.

Ќерката на Дајана Рос, одлични деца и мнооогу номинации за „Еми“
Во омилената серија на првата дама на Америка, Мишел Обама, игра и ќерката на славната пејачка Дајана Рос, Трејси Елис Рос. Трејси во серијата се вика Рејнбоу, но ја викаат Боу, лекарка е, има четири деца и силно верува дека нејзините деца ќе пораснат во свет во кој бојата на кожата не е важна. Дре тука баш и не би се согласил, но ова семејство сака да се расправа, па тоа прашање често е во фокусот на семејните расправии.
Сите деца кои играа се генијалци, а особено најмладата Дајан Џонсон (Марсај Мартин) на која глумата и хуморот природно ѝ лежат.
Не е ни чудо дека покрај сите овие таленти и темата што ја отвора серијата „Црникаво“ се избори за три номинации за „Еми“. Едната ја држи Ентони Џонсон, едната Трејси Елис Рос, а едната оди за серијата како целина.
Моќ – драма која станува подобра со секоја нова сезона

Уште една серија во која тема е животот на едно афроамериканско семејство кое живее богат живот е и серијата Моќ (Power), чии нови епизоди од третата сезона премиерно се прикажуваат секој понеделник во 21 часот на Pickbox. Семејството Патрик до својот луксузен животен стил не дошло како Џонсонови, преку чесна работа, туку преку големата вештина на таткото Дух (Омари Хардвик) на пазарот со наркотици. Тоа со што се бори Дух не се предрасудите од околината, туку обидот за бегство од светот на незаконските бизниси, а со оглед на гневот на бившите пријатели и непријатели, тоа нема да биде лесно.
Серијата „Моќ“ е драма во целосна смисла на зборот, па тука нема да ве дочека сатира, туку многу животни пресврти, ќе има пукање, голотија, секс, добра музика, а со оглед на тоа што на серијата работеше и Фифти Сент, ќе има и доза на лудост.Ентони Џонсон како предводник на добрата сатира
Комичарот и актер Ентони Андерсон е двапати номи

Пронајдете не на следниве мрежи: