Четири натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу неделата и понеделникот. Победи на тие натпревари забележаа Лејкерси против Филаделфија 111:98, Портланд против Њу Орлеанс 95:94, Торонто славеше над Хјустон 103:96, додека Денвер победи во Сакраменто 122:97.
ЛА Лејкерс ја забележаа втората последовна победа, што за нив претставува најдолга низа оваа сезона уште од средината на ноември кога имаа три победи по ред.
Лејкерси до победата ги предводеше нивниот најдобар играч Коби Брајант кој имаше учинок од 34 поени, 4 скока и 6 асистенции. Покрај Брајант, кај ’езерџиите’ кои сеуште играат без Пау Гасол и Стив Неш, се истакнаа Мета Ворл Пис (19 поени, 16 скокови) и Двајт Хауард (17 поени, 11 скокови).
Најефикасен играч на Филаделфија беше Ник Јанг со 30 поени, додека по 16 кошеви постигнаа Хоз и Тарнер.
Лејкерси имаа скор од 11/14, додека Филаделфија има 12 победи и исто толку порази.
Портланд и Њу Орлеанс одиграа драматичен меч, кој со тројка на 0,3 секунди до крајот го реши дебитантот во дресот на Блејзерси Демијан Лилард. Хиксон со двоен ефект 24 поени и 16 поени беше најефикасниот играч на Портланд, Олдриџ постигна 20 поени, а Лилард мечот го заврши со 16 постигнати кошеви.
Импресивен меч одигра францускиот репрезентативец Николас Батум (11 поени, 10 асистенции, 5 скокови, 5, блокади, 5 украдени топки).
Најдобри играчи на Њу Орлеанс беа Андерсон (26 поени) и Васкез (23 поени, 11 асистенции и 8 скокови).
Денвер се прошета низ Сакраменто, а до убедливата победа беше предводен од резервистот Меки кој постигна 19 поени, Галинари реализира 18, а Хамилтон 15 поени.
Еден од најлошите тимови во лигата Торонто запиша победа над Хјустон, а мечот мина во знакот на шпанскиот репрезентативец, Хозе Калдерон кој имаше ’трипл-дабл’ учинок (18 поени, 10 скокови, 14 асистенции).
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: