Колку Македонците трошат на летни акции?

За голем дел од граѓаните, летните акции се совршен начин за обновување на гардеробата, за купување на нешто ново за домот или пак за купување на техника и електроника. Во летниот период, особено кон крајот на август се актуелни и големиот број на попусти, акции и распродажби во голем дел на малопродажните објекти низ државата, па така граѓаните имаат голем избор на производи и брендови по навистина поволни цени.Со појавата на голем дел од светските брендови на македонскиот пазар, бројот на граѓани кои одат на шопинг во градовите во соседството е значително намален.
„Со отворањето на бутици и продавници за мебел и додатоци во домот во Скопје, навистина ретко се решаваме да заминеме на шопинг во Грција или Бугарија. А попустите се поголеми со секоја година и навистина може да се најдат одлични производи по неверојатно ниски цени. Најчесто ги чекам последните денови од акциите, кога попустите се најголеми и достигнуваат до 80%, кога за многу малку пари можам да си купам многу работи”, беше одговорот на Ивана И. од Скопје на прашањето колку често одат на шопинг во соседните земји.
Некои од граѓаните пак со нетрпение ги очекуваат почетоците на попустите и акциите.
„Кога започнуваат попустите, гледам да ги посетам продавниците што е можно порано, бидејќи можеби производите се на 30-40% попуст, меѓутоа има многу поголем избор на модели и величини. Во крајните денови на попустите многу ретко може да најдам нешто што ми одговара, иако производите имаат многу помала цена”, вели Филип.
Во секој случај, граѓаните целосно ги користат попустите и акциите кои им се нудат. Овие попусти се особено добредојдени за фамилиите кои располагаат со ограничен буџет. Августовските попусти и акции се особено поволни за родителите, бидејќи тогаш можат да купат многу работи за почеток на учебната година на нивните деца.
„Со буџетот со кој располагаме, не можеме да си дозволиме често да купуваме работи за децата и за нас, така што со сопругот најчесто купуваме производи кога има попусти и акции. Особено ни се допаѓа Garage Sale во Рамстор мол, бидејќи може да се најдат голем број производи – од облека за нас и за децата, до играчки и книги, по цени кои се прилагодени на нашиот буџет и се навистина поволни. Би било одлично доколку почесто се организираат такви акции”, вели Јана од Скопје, мајка на две деца.
Самите колони од возила и метежот од луѓе во трговските центри низ Скопје се доволен доказ за интересот на граѓаните во овој вид на акции и распродажби. Од трговскиот центар Рамстор изјавија дека за време на Garage Sale, има голем број на купувачи во текот на целиот ден и дека интересот е навистина голем.
„Кога ја започнувавме акцијата Garage Sale за прв пат во Рамстор мол, очекувавме огромен интерес од потрошувачите и голем успех на акцијата. Поради тоа решивме да ја продолжиме акцијата во следните сезони, со што Garage Sale се претвори во некој вид на традиција, која ја продолжуваме и оваа сезона. Ги покануваме сите граѓани од 17ти до 21ви август на одлично пазарување по ниски цени и голем број на изненадувања за сите нашите потрошувачи“, изјавија од маркетинг службата на трговскиот центар Рамстор.Со појавата на голем дел од светските брендови на македонскиот пазар, бројот на граѓани кои одат на шопинг во градовите во соседството е значително

Пронајдете не на следниве мрежи: