Охридско претставување на „Со ветрот под рака“ од Долорес Атанасова – Лори

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство ја најавува охридската промоција на Со ветрот под рака, поетската збирка на Долорес Атанасова-Лори, која ќе се одржи во Охрид, 8 август 2016 година, во барот „Објектив“ (Objectif bar), со почеток во 20 часот. Делото ќе биде претставено со поддршка на актерката Верица Недеска-Трајкова и поетесата Елена Пренџова, а настанот ќе биде збогатен со диџеј-сетот на Dimitri from Chair.Со ветрот под рака е втората поетска збирка на Д.А. Лори и се состои два поетски циклуса, од кои вториот претставува сиџо-поезија или, со зборовите на авторката, „твитер-поезија од XIII век, па наваму“.
„Д.А. Лори ни нуди таков жар додека читаме што забораваме дека внатрешното устројство е исполнето со интимен порив. Соживувањето со поетскиот глас е неизбежно, стилската изведба со жестокост, но и со доза избалансирана, умерена итрост си поигрува со архетипите што ни се досега (не)познати, симболичност што плови на моменти во мирно море, а на моменти нè фрла во вакуумот помеѓу карпата и бранот што удира во неа. Чувството да се има новата книга на Д.А. Лори, Со ветрот под рака, во свои раце пред другите и да знаеш дека таа создала едно дело што ќе остане врежано во историјата на современата македонска поетика е уникатно, прекрасно, во најмала рака ветровито“, пишува во рецензијата кон книгата поетот Митко Гогов.
Д.А. Лори (Долорес Атанасова-Лори) е родена на 26 октомври 1974 година во Германија. Раното детство го поминува во Германија, а потоа се сели со семејството во Охрид, каде што ги поминува остатокот од детството и средношколските денови, сè до заминувањето во Скопје на студии по англиски јазик и книжевност во 1993 година. Д.А. Лори денес работи како професор по англиски јазик во Скопје. Дел од нејзината поезија е објавена во Букбокс, во поетската збирка 100 000 поети за промена и во е-книгата Поетискон. Нејзината прва книга,Будење во трето лице еднина, беше издадена од „Блесок“ во 2014 година.
Добре дојдовте во светот на книгите, добре дојдовте во „Антолог“!Со ветрот под рака е втората поетска збирка на Д.А. Лори и се состои два поетски циклуса, од кои вториот претставува сиџо-поезија или, со збор

Пронајдете не на следниве мрежи: