Маѓепсани- паметна бајка во која ќе уживаат и возрасни

Ризницата на детски филмови на Pickbox е побогата за уште една класична Дизниева бајка, која најде совршен спој откако се стопи со модерна романса во Њујорк.Со симпатичноста на Ејми Адамс и харизмата на омилениот лекар од „Вовед во анатомија“ – Патрик Демпси – бајката „Маѓепсани“ (Enchanted) ќе ве однесе на најубави места, ќе посакате да го најдете вашиот принц и, што е најважно, лудо ќе се забавувате и ќе се насмеете. Бидејќи „Маѓепсани“ веќе стигнаа на Pickbox, веднаш можете да го гледате овој филм којшто освои дури три номинации за „Оскар“.
Скок од анимираниот во реалниот свет
Ејми Адамс  е мошне слатка, па својата авантура како симпатичната принцеза Џизел ја почна во анимираниот свет. Таа живее меѓу цветови, малечки птици, верверички и други животинчиња, а најмногу сака да пее за денот кога таа и љубовта на нејзиниот живот ќе се сретнат и ќе се бакнат.
Што, тогаш, може да појде на лошо?
Најпрво вљубеност во принц (кој е исто така сладок како Џизел), а потоа и љубомората на злобната кралица, која ја истера Џизел од светот на бајките и ја прати во Њујорк каде што не познава никого. Таа злобна кралица е Сузан Сарандон, а мажот што Џизел го запозна по доаѓањето во Њујорк е згодниот Патрик Демпси (овој пат во улога на адвокат и на татко на малолетна ќерка.
Мала доза на бајковитост во реалниот свет
Бајките се подобри од реалноста, но не е лошо ниту кога во реалниот свет ќе се внесе нивното волшепство. Токму тоа Џизел го донесе со себе од своето кралство и токму тоа волшепство ќе го почувствувате гледајќи ги „Маѓепсани“. Нема клишеа од коишто понекогаш боледува Холивуд, нема евтини мисли за романса, туку само поука дека треба да се борите за љубовта и дека никој не е совршен.
Интересно ќе биде во Џизел да препознаете и други Дизниеви принцези. Зашто Џизел е по малку Снежана, по малку Пепелашка и Трнорушка, а карактерот ѝ е уникатен, баш како на Ариел од „Малата сирена“. За сите вистински обожаватели на Дизни тука има и многу 
препознатливи сцени (јадењето отровно јаболко е само една од нив) и песни од други филмови на Дизни, што овој филм ќе го направи уште поскапоцен.
Други бајки на Pickbox
Кога еднаш ќе ги засакате бајките, тешко се откажувате од нив и кога ќе пораснете. Кој еднаш ќе го засака Дизни, никогаш не престанува да го сака Дизни.
Затоа, Pickbox на своите млади гледачи, но и на оние што заедно со нив се радуваат на сите нови и стари остварувања на Дизни, им подготви уште некои убави бајки. Тука е принцезата Матовилка од „Мошне заплеткана приказна“, Бел од „Убавицата и ѕверот“, Ариел од „Малата сирена“, Есмералда од „Ѕвонарот од Богородичната цркв“, Покахонтас од истоимената бајка „Покахонтас“, Тијана од „Принцезата и жабецот“ и многу други принцези и принцови од чиешто набројување ќе ви се заврти во главата. Затоа е најдобро сами да ја посетите видеотеката на Pickbox и да се забавувате со најдобрите класици.
 Со симпатичноста на Ејми Адамс и харизмата на омилениот лекар од „Вовед во анатомија“ – Патрик Демпси – бајката „Маѓепс

Пронајдете не на следниве мрежи: