Свечено отворање на Microsoft Showcase Classroom во Тетово- стратешки проект на Влада на Република Македонија, Microsoft Македонија и TDK Компјутери за модернизација на нашето образование

Воспоставеното партнерство помеѓу Владата на Република Македонија, Министерството за образование и наука, Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со Microsoft Македонија и TDK компјутери стартува со реализација на Microsoft Showcase Classroom.Станува збор за пилот „Proof of Concept“ проект, кој има за цел да го прикаже начинот на кој во реална образовна средина (училница) функционираат производите, алатките и платформите на Microsoft, специјално создадени и наменети за користење во образовниот систем во Република Македонија. Целта на проектот е трансформација и модернизација на нашето образование во една попродуктивна, иновативна, креативна и организирана средина.
Проектот Microsoft Showcase Classroom отпочна со доделување на Windows таблети потребни за изградба на две пилот училници и имплементирање на потребната техничка и софтверска инфраструктура. Минатата недела, на 9ти јуни беше претставена Microsoft училницата во Скопје, а денес свечено беше отворена и училницата во медицинското средно училиште „Никола Штејн” во Тетово.
Главната цел на проектот е модернизирање и олеснување на образовниот и наставниот процес во сите насоки (директор-наставници, наставници – ученици, ученици – ученици, вклучувајќи ги и родителите). Притоа училишната институција ќе се претвори во уште поорганизирана и покреативна средина за учење и соработка, а ќе се зголеми интересот и ангажираноста од страна на учениците во наставниот процес и самостојната работа.
„Нашата заедничка цел преку овој проект е да покажеме и докажеме дека употребата на технологија во наставата го олеснува процесот на учењето, ја подобрува наставата и кај учениците се стекнуваат  современи и дигитални вештини. Нашата долгорочна цел е да училиштата се трансформираат  во уште повеќе организирана и  креативна околина за учење и соработка. А кај учениците да се се зголеми интересот и вклучувањето во процесот на учење, да работат самостојно, и  поголем развој на нивниот потенцијал. Опсегот на овие програми и технологии спроведени во нашето образование исто така ќе овозможи остварување на нашата визија кон трансформација и модернизација на нашето образование. “ изјави Министерот за Образование и Наука, Пиштар Лутфиу
Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски  изјави дека ова е еден од приоритетите на Владата на Република Македонија. Во тек се неколку проекти кои имаат крајна цел да извршат трансформација и модернизација на нашето образование.
“Минатата година беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и технолошкиот лидер Microsoft.  Воведувањето на пилот проектот “Microsoft Showcase Classroom”,  всушност претставува конкретен проект кој што произлегува како резултат на нашите заеднички напори и партнерството.”- рече Муцунски.
„Мicrosoft во партнерство со локалната компанија TDK Компјутери донира 60 моќни Windows таблети за стартување на Microsoft Showcase Classroom и ќе организира серија на настани во обем на обуки, демонстрации и други презентации кои што ќе прикажат како платформите и технологиите на Microsoft овозможуваат настава и учење од 21-от век. На наставниците ќе им демонстрираме како технологијата се користи во наставата и ќе откриеме што истата може да направи во училницата. Нашата цел е да им покажеме на наставниците како учениците можат да бидат инспирирани да постигнат повеќе, да учат и да се развиваат.“ вели Љупчо Георгиев, генерален менаџер на Microsoft Македонија.
„Среќни сме што во партнерство со Microsoft и Влада на РМ ќе работиме по овој пилот проект, кој верувам дека може да допринесе за револуционерна трансформација на образованието во нашата држава. Од наша страна се обезбедуваат моќни Windows таблети и стручни специјалисти кои ќе се грижат за целосната инсталација и имплементација на хардверот и софтверот, така што потоа сите наставници, учениците и директорите од двете училишта да можат да ги користат таблетите и Microsoft алатките во реална средина.” изјави Јордан Димитровски, директор на TDK Компјутери.
Од своја страна градоначалникот на Тетово, г-ѓа Теута Арифи изјави дека “Образованието е клучен фактор за развојот на општините и земјата во целина. Среќни сме што нашите деца ќе ја имаат можноста први да ги применат во нивниот наставен процес алатките и системите на Мајкрософт. Тие веќе напредно ги користат технологиите во нивното секојдневие и верувам внесувањето на технологиите во образованието ќе го стимулира интересот и долгорочно ќе ги подобрува резултатите”.
Ваквиот стратешки проект претставува нова димензија на образованието и едукативниот процес, со кој на најефикасен и најфлексибилен начин ќе им се овозможи на сите ученици и професори да остварат поголема координација,  организација и ефективност на заедничкиот наставен процес. Microsoft Showcase Classroom продолжува со обуки на наставници за работа со Microsoft алатките, а од септември и со примена директно во наставниот процес и работата во училниците.Станува збор за пилот „Proof of Concept“ проект, кој има за цел да го прикаже начинот на кој во реална образовна средина (учи

Пронајдете не на следниве мрежи: