Странските инвеститори донираа 200.000 денари во хумани цели

Рекордни 200.000 денари собрани на „Светскиот пикник“ овој викенд, денес беа донирани во хуманитарни цели. Советот за странски инвеститори при Стопанска комора Македонија ги донираше собраните средства во народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле и во Хуманитарно здружение „Хилал“.„Ни причинува особено задоволство што им овозможивме на граѓаните да вкусат автентични интернационални рецепти, но што е најважно успеавме во нашите хумани намери да собереме парични средства кои ќе ги подариме на оние граѓани на кои храната им е најпотребна. Собраните средства ќе бидат поделени на две еднакви половини за двете народни кујни кои функционираат на ниво на град Скопје. Се надеваме овие средства за нив ќе бидат добредојдени и во иднина ќе креираме слични поводи за ваков тип на настани“, изјави г-дин Петер Штефан, Претседател на Советот на странски инвеститори и Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија .
„Би сакале да се заблагодариме од името на  народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле за ваквиот хуман гест кој е од големо значение за сите нас . Средствата ќе ги искористиме за сите неопходни прехрамбени производи со кои ги згрижуваме секојдневно нашите штитеници“, изјави отец Костадин Малинов од народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле.
„Секоја помош за нас е добредојдена, посебно сме среќни кога станува пракса важните јубилеи да се прославуваат со некој хуман гест. Се надеваме ваквиот настан ќе послужи како пример и за останатите компании и организации во општеството“, изјави Мустафа Даути претседалел на хуманитарната организација „Хилал“.
Со хуманитарниот пикник во Градскиот парк во Скопје, Советот на странските инвеститори при Стопанската комора на Македонија го одбележа 10 годишниот јубилеј. На светскиот пикник граѓаните имаа можност да пробаат карактеристични рецепти од 11 различни земји од каде потекнуваат странските инвеститори во Македонија.  Основната цел на Советот е и во иднина да продолжи да работи на подобрување на севкупните општествени и економски прилики во Македонија до кои може да се дојде само со партнерство и заеднички, транспарентен дијалог со локалното население, бизнис партнерите, но и со надлежните институции.„Ни причинува особено задоволство што им овозможивме на граѓаните да в

Пронајдете не на следниве мрежи: