Конкурс за акредитација на здруженија на наставници кои организираат натпревари на ученици од основните училишта

Министерството за образование и наука објавува Конкурс за акредитација на здруженија на наставници кои организираат натпревари на ученици од основните училишта.На овој Конкурс право на учество имаат здруженијата на наставници кои се регистрирани како здруженија најмалку три години до денот кога поднесуваат пријава за организирање на натпреварите.
Со поднесувањето на пријавата за акредитација, здруженијата на наставници треба да достават:
– Документ за регистрирана дејност од Централен регистар на Република Македонија;- Тековна сосотојба на здружението издадена од Централен регистар;- Биланс на состојба и биланс на успех на здружението издадена од Централен регистар;- Статут на Здружението на наставници;- Правилник за организирање на натпреварите;
– Тригодишен календар за спроведување на натпреварите за учениците во основните училишта во кои ќе бидат содржани наставен предемет, временски период за реализација на натпреварот и одговорни наставници кои ќе бидат вклучени во организација и реализација на секој од натпреварите согласно законските прописи.
Заинтересираните здруженија чија документација ќе биде некомплетна или ненавремено доставена нема да бидат земени во предвид во процесот на понатамошно разгледување и акредитирање.
За организирање на натпреварите се акредитира по едно здружение на наставници или Сојуз на здруженија по одделен наставен предмет за период од три години почнувајќи од 2016 година.
Избраните здруженија на наставници, односно сојузи на здруженија со правилник за организирање на натпреварите ќе го уредат начинот на организацијата, како и натпреварите на учениците да ги организира преку наставници кои изведуваат настава по одделен наставен предмет, сроден предмет или научна област на која и припаѓа наставниот предмет, како и да обезбедат организирање натпревари на целата територија на Република Македонија на сите наставни јазици, со исклучок на натпреварите по албански јазик и литература, турски јазик и литература и српски јазик и литература.
Право на учество на овој конкурс имаат Здруженијата на наставници и Сојузите на здруженија на наставници за следните наставни предмети од основното образование:
– Ликовно образование, – Општество, – Историја, – Етика, – Граѓанско образование, – Физичко и здравствено образование, – Јазик и култура на Власите, – Јазик и култура на Ромите,- Јазик и култура на Бошњаците, – Етика на религиите, – Запознавање на религиите, – Класична култура во европската цивилизација, – Руски јазик, – Турски јазик, – Српски јазик, – Иновации и- Работа со компјутер и основи на програмирање.
Потребната документација се доставува во рок од 15 дена од денот на објавувањето на овој Конкурс во писарницата на Министерство за образование и наука.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат од страна на Министерството за образование и наука.На овој Конкурс право на учество имаат здруженијата на наставници кои се регистрирани како здруженија најмалку три години до денот кога п

Пронајдете не на следниве мрежи: