Прво извлекување од наградната игра „Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети“

(Штип, 01.06.2016) – Првото извлекување од наградната игра „Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети“, кое ќе се одржи на 4 јуни во сабота, пред Кит-Го маркетот во Струмица, Чифлик, со почеток од 12.00 часот, ќе израдува над педесет добитниците на вредни награди. Во извлекувањето ќе учествуваат летоци од 12 града, а ќе бидат доделени патување во Прага, Виена, Истанбул и Будимпешта, летувања на Крф, Тасос и Халкидики, скутер, три велосипеди, како и 40 вредносни ваучери за пазарување во маркетите на Кит-Го и Тера.Извлекувањето ќе биде од јавен карактер и сите посетители ќе можат да го проследат, да уживаат во настанот и да бидат дел од многуте изненадувања, а домаќин и водител на настанот ќе биде Жарко Димитриоски, заштитното лице на оваа наградна игра.
Со секоја направена сметка од минимум 300 денари во Кит-Го и Тера маркетите, потрошувачите добиваат купон и леток на каса, и можност да учествуваат во големата наградна игра „Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети“. Летокот се пополнува со личните податоци, на истиот се лепат добиените купони, а потоа се остава во означена кутија во самиот маркет. За учесниците важно е да се напомене дека сите недобитни летоци од месечните извлекувања ќе учествуваат во главното извлекување на 1-ви октомври, каде што главната награда е автомобил Опел Астра Седан 2016!
Наградната игра на Кит-Го и Тера маркетите започна на 28-ми април годинава, и се одвива во 12 градови низ државата, а учесниците ќе се натпреваруваат за голем број вредни награди. Ќе се одржат вкупно 3 месечни извлекувања, започнувајќи од Струмица на 4-ти јуни, а потоа на 9-ти јули во Неготино, 20-ти август во Кочани, додека главното извлекување ќе се одржи на 1-ви октомври во Штип.Извлекувањето ќе биде од јавен карактер и сите посетители ќе можат да го проследат, да уживаат во настанот и да бидат дел од многуте изне

Пронајдете не на следниве мрежи: