Охридскиот архиепископ Атанасиј бара странска помош 1615 год.

ОХРИДСКИОТ АРХИЕПИСКОП АТАНАСИЈ БАРА СТРАНСКА ПОМОШ  ЗА КРЕВАЊЕ ВОСТАНИЕ ПРОТИВ  ОСМАНЛИСКАТА  ВЛАСТ
 Гледајќи долго време дека се врши жестокост и голема неподнослива тиранија од затапените и проклети  мохамеданци над христијаните, а патријаршиското достоинство се унижува, црквите се осквернуваат, а името на Господа Христа ужасно се намразува.
И не можејќи да го поднесуваме тоа, долго време бевме го нашле и измислиле патот и начинот како да се ослободиме од овој тежок јарем, а тоа може лесно да стане, зашто откако ја пропатувавме Србија, Босна, Далмација, Албанија, Црна Гора и Долна Македонија, Грција, Тракија, Бугарија и воопшто насекаде каде што држи и владее Турчинот во Европа, и откако проценивме и предвидовме се, останавме зачудени, како во тие кралства, во кои христијаните далеку ги надминуваат по број Турците, последниве да држат так-ви места, дотолку повеќе кога пла-нините и тесните премини, како и некои тврдини, ги држат хрис-тијаните, а покорноста на овие спрема управниците и кнезовите (турски) тукуречи изгаснала; нивната справедливост е расипана и во сите гореспоменати, бидејќи правосудството се купува за пари, поради кое нешто и самите нивни управници земаат учество во овој вид  грабање и е невозможно да се  спаси некој друг освен оној што е посилен. Нивната војска не е храбра и толку добро организирана како што беше едно време…
Гледајќи го сето ова, ние мислиме за истерувањето на проклетите мухамедани и за слободата на христијанските народи, а времето беше среќно и погодно за кревање оружје против кажа-ниве небески непријатели на нашата света католичка вера. Ние ги видовме исто така сите христијани готови да сакааат да ја постигнат таа стварност и да се ослободат од споменатиот тиранин. Како татко и нивен пастир, порачав да се збере едно собрание од некои мои епископи и архиепископи да решиме да се испрати едно лице кое ќе ги крене луѓето. И така беше испратен нашиот главен пратеник г. Александар Мутело, кому му се даде полномошно и кој замина и собра 12. 000 добри и за борба способни луѓе. Но кога кога посакавме да го започнеме намис-леното, ми се нареди од екселенцијата на беневентскиот гроф, тогаш поткрал на неаполското кралство, да се воздржиме од оваа акција, за да не ги туриме народностите во опасност, туку да ја почекаме помошта на Неговото Величество. И така ние се воз-државме.
Но штом видовме дека се забавува споменатата помош решивме повторно да го продолжиме започнатото дело, и кога повторно бевме готови, повторно ни се нареди да не преземаме ништо дури не му испратиме на Н.В. опширно за  сето тоа, за да може во погоден момент да ги испрати силите против Турчинот и да ги истера од тие страни. Кога ја чув заповедта на Н.В., ние го послушавме..
Христијаните, пак, гледаајќи дека преговорите се завлекуваат, ме помолија мене да дојдам јас лично и да му ја раскажам леснотијата и желбата за таа акција.
И така, јас предложив, кога ќе ми се дадат од Н.В. 5 или 6 илјади пешаци од шпанската и италијанската народност, оружје и муниција за вооружување на 15.000 луѓе, седла, узди за 4.000 коњи, за кратко време ќе ја предадам Македонија под негова власт и управа, задолжувајќи се уште дека ќе му ги исплатам гореречените оружја и муниција и дека ќе им се даде храна на војниците, зашто тие краишта се многу имашливи со средства за живот.
Ако пак му се чини на Н.В. дека барам малку луѓе за една таква голема работа, нека даде повеќе и толку полесно ќе биде, иако мошне верувам дека со побараните ќе добијам многу востаници, готови и со востаничка дисциплина, преку моите епископи и атрхиепископи и преку свештениците што се под нивна власт. За тоа се договорив со христијаните убедувајќи ги во исповедта да молчат за обваа работа под заплашување на анатема. Врвејќи по овој пат на исповедување, ќе постигнам многу добар успех…
Нешто повеќе, откако ќе се оствари овој потфат, целата Босна и Далмација, Бугарија и Грција бездруго ќе го кренат оружјето против Турчинот за да ни помогнат и ќе се присоединат кон нашата верност и послушност без да сакаат некаква помош и поткрепа поради тоа што по бројноста далеку ги надминуваат Турците. Тоа нешто го знам многу убаво, зашто пропатував низ сите тие држави, зашто водев преговори со епископите и архи-епископите, со нивните началници, коишто не го гледаат часот за започнување на работата и за ослободувањето од турската тиранија.
Ако реши Н.В. да го стави во акција ова што го зборувам или барем еден дел од ова, јас се нудам и се задолжувам каде што не ќе можам лично да присуствувам, да пратам други за тие преговори, како јас да сум лично таму.
Не сум ги предлагал горенаброените работи зашто не сакав да го правам тоа преку други усти од многу причини …”Гледајќи долго време дека се врши жестокост и голема неподнослива тиранија од затапените и проклети  мохамеданци над христијаните, а патријарш

Пронајдете не на следниве мрежи: