Tајните на магијата и илузијата пристигнаа во Скопје

Никогаш не е доцна за малку магија во нашиот живот. Секогаш е добредојдена возбудата, адреналинот и неизвесноста кога станува збор за магионичарските перформанси и илузијата. Секогаш ќе постои енигмата за тоа како е тоа возможно и на кој начин се извршува сето тоа.Периодот што следува, од денес па до 11-ти јуни во Скопје Сити Мол, ќе придонесе и нашиот главен град да биде сведок за тоа колкав е опсегот на моќта на илузијата и магионичарските трикови. Денеска заедно со магионичарот Кристијан Шопов, популарната македонска поп пејачка Теа Трајковска и успешниот македонски атлетичар Кокан Ајановски беше отворенMagic World, прв настан од ваков тип во Македонија кој вклучува интерактивна изложба преку која сите ќе можеме да ги откриеме тајните на магијата и улизијата.
Можноста да се биде дел од таквиот настан ќе овозможи сите луѓе да се потсетат на своето детство и семејство и како сите заедно ги споделувале среќните моменти. Додека пак, за најмалите деца сето ова ќе им претставува неверојатно шоу што ќе го памтат цел живот и воедно овој настан ќе предизвика искрени насмевки на присутните лица и значителна еуфорија во самиот град Скопје.
Magic World е одлична можност како за најмалите така и за родителите да поминат интересни моменти  заедно со своето семејство. Настанот ја достигнува својата дополнителна спектакуларност со самото појавување на светски познатиот магионичар и илузионист Једжеј Буковски од класата на магионичари на врвниот и недостижен Дејвид Коперфилд од САД. Нетрпеливоста за неговото магично и уникатно шоу е очигледна и истото може да се проследи на 11-ти јуни во 13:00 и 20:00 часот.
Целиот магичен период ќе биде исполнет со многу неизвесни и воодушевувачки моменти, почнувајќи од организирани едукативни тури за деца над 7 години од понеделник до петок од 18:00 до 20:00 часот преку кои што најмалите деца ќе се стекнат со дополнителни сознанија за историјата на магијата и илузијата од страна на обучени водичи и за момент ќе можат да уживаат во еден сосема друг свет на забава, енигми и илузии. Целата еуфорија продолжува и преку викенд сo Училиште за магија од 13:00, 14:00, 19:00 и 20:00 часот коe што им нуди можност на сите деца да ги остварат своите сништа и шансата да бидат “семоќни” кога станува збор за триковите и илузиите.
Исто така, од сите ученици во ова училиште за магија ќе се избере најдобриот ученик кој што ќе има извонредна шанса да биде ученик на веќе врвниот и светски познатиот Једжеј Буковски кој ќе го одржи најспектакуларното шоу во Македонија на 11-ти јуни на самиот крај на оваа магична еуфорија и илузионистички свет. Интересот кај присутните за ваквиот уникатен настан во Македонија ќе го достигне својот врв со магионичарското шоу кое што ќе се одвива секој петок и викенд во 12:00 и 18:00 часот и воедно ќе овозможи колективна дружба и забава за целото семејство со едночасовни и спектакуларни моменти кои што со сигурност вредат да се видат и доживеат. Исто така, викендот ќе биде исполнет и со проследување на интересни едукативни видеа од 45 мин. од неверојатни илузионистички и магионичарски перформанси изведени од единствениот Једжеј Буковски.
Magic World овозможува сосема различна и уникатна перспектива кај луѓето која што е од огромно значење со оглед на динамичната и стресна реалност со која што секојдневно се соочуваме. Целиот настан и покрај единствените и уникатни активности ќе биде збогатен и со интерактивна изложба што ќе може да се проследи на приземје и на вториот кат во Скопје Сити Мол и истата ќе ги нуди следниве досега невидени илузионистички моменти и трикови: автоматизиран шахист, оптички илузии, магична кула, глава на тацна, илузии на Дизниленд, магичен плакар, промена на водата во вино, мистеријата на грчкиот храм, лебдечка маса, магична книга, претворање на шајките во злато и следење на историјата на магијата и илузијата.
Концентрираноста на целокупната еуфорија, возбуда и адреналин го достигнува својот максимум во капацитетите на Скопје Сити Мол каде што сите семејства со децата ќе можат истовремено на заеднички начин да уживаат и на забавен начин максимално да го искористат своето слободно време. Никој не е доволно созреан за мистеријата и енигмата што ги нудат магијата и илузијата и секогаш ќе постои вечниот интерес и куриозитет за начинот на реализирање на уникатните и единствените магионичарски трикови и илузии. Единствено што ни преостанува овој период е да се препуштиме на магијата и илузијата и за миг да уживаме во сосема друг повозбудлив и мистичен свет.
Во продолжение ви го испраќам целосното соопштение и фотогалеријата од настанот.Периодот што следува, од денес па до 11-ти јуни во Скопје Сити Мол, ќе придонесе и нашиот главен град да биде сведок за тоа колкав е опсегот н

Пронајдете не на следниве мрежи: