Видео: 11 кодоши пред судот на јавноста

Да се потсетиме на видеото за 11-те кодоши од 04.08.2012…Најчесто кодошеле за подобра позиција во општеството, а ретко за пари. Поднесувале извештај во УДБА и кога патувале во странство и кога биле во кафеана. Пријавувале што рекол пијан актер или силувана актерка. Досието на Владимир Милчин или „Драматург” точно пред една година беше изгласано од лустраторите. Денеска во него пикантерии за кодошени колеги, директори уметници, писатели. Пратеникот Харуни и за селски извор си ги искодошил видните соселани.
Кодошеле колеги, амбасадори, директори, студенти,ученици. „Гоце”, „Ветеринар”, „Златар,„Референт”, „Драматург”, „Тањц”, „Марјан”, „Мирче”, „Шар”, „Кореограф”, „Корбизје”. Ова биле псевдонимите на 11 — те кодоши чии досиеја Комисијата за лустрација ги објави на нејзината интернет страница. Сите ја искористиле соработката со тајните служби за да добијат високи позиции. Речиси сите соработувале доброволно без да земаат пари за возврат за доверливите информации. 
Најтазе кодош е Николче Бабовски кој лани бил кандидат за пратеник во Собранието. Неговата врска со УБК била раскината во 2010 година. Во 1998 година кога го добил псевдонимот „Ветеринар”, бил професор во земјоделско училиште. Како политички претставник на влашката популација, особено бил близок со романските и грчките дипломати во земјава и сите информации кои ги добивал од нив ги доставувал до службата. Бабовски информирал и за најситни детали, па службата од него дознала дека грчки конзул во Битола имал љубовна афера со секретарката, поради што подоцна бил повлечен. 
Актерот Чеврески бил соработник од 1987 до 1995 година и бил задолжен за следење, попречување и документирање на, како што пишува, непријателските активности на граѓанската десница во театарските и актерските кругови. Го завеле под псевдоним „Тањц” и тој редовни давал информации за неговите колеги актери кои биле интересни за службата.
Погледнете го видеото: Најчесто кодошеле за подобра позиција во општеството, а ретко за пари. Поднесувале извештај во УДБА и кога патувале во странство и кога биле во каф

Пронајдете не на следниве мрежи: